
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрално ја пренесуваме реакцијата на СДСМ Битола:
„ДПМНЕ Битола да не зема в уста имиња на македонски културни работници и на културни институции оти со тоа ги сквернави!
Со цел, подобрување на водоснабдувањето кај корисниците што припаѓаат во висока и средна зона ( на повисоките места од градот), изведена е реконструкција на водоводната мрежа на цевковод ЖЛЦ ф-500. Поради овој зафат, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од : БЛР 1, БЛР 2, ул.Васко Каранѓелевски и други повисоки места во овој дел од градот.
На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети. Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно докумнетирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.
После денешната информација дека Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО, ќе поднесе кривична пријава против вработен во Општина Битола, како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај, за примање на поткуп, Општина Битола, ги повикува и поддржува надлежните институции да преземат соодветни мерки и да постапат согласно важечките закони во Република Македонија.
Општина Битола активно се залага за јавност и транспарентност во работењето и нулта толеранција на корупција. Должност на општинската администрација е да работи во интерес на граѓаните и ниту еден административен службеник не смее да работи спротивно на законите и Кодексот во кој се пропишани етичките стандарди и правилата за однесување на административните службеници во односите на работното место, но и во приватниот живот и јавноста.