
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како ЗП Битола сакаме да ги демантираме изнесените невистини и обвинувања од страна на група пензионери на пресот одржан вчера. Ќе се задржам редоследно на сите три нивни барања со цел јавноста да ја запознаеме со вистината.
Не е точно дека СЗПМ не се залага за покачување на пензиите и дека не го отворил ова прашање.
СЗПМ перманентно работи и се залага за зголемување стандардот на пензионерите преку зголемување на пензиите. Јас сум член во ИО и Собранието на Сојузот и знам точно што се работи и што се има направено СЗПM во делот на зголемување и усогласувањето на пензиите во изминатиот период.
Имено до 2022 год. пензиите се зголемуваа само по еден основ и тоа процентот на порастот на трошоците за живот, a процентот на порастот на животните трошоци во изминатите години беше низок (немаше пандемија немаше еконска криза) така да и порастот на пензиите беше минимално.
Со новата методологија која ја предложи СЗПМ заедно со преставници на здруженијата од Македонија, кои учествуваа на повеќе средби и дебати со преставници од МТСП, како и други релевантни институции од таа област се договорија оваа методологија да биде прифатена и инкорпорирана во закон. Тоа и се случи минатата година, а тоа значи дека пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа во март и септември согласно двата параметри и тоа 50% од процентот на порастот на трошоците за живот и 50% од процентот на порастот на платите на вработените во РСМ.
Така во 2022 год. пензиите се зголемија скоро за 10%, додека со процентите објавени во м. март 2023 год се зголемија за 8,4% и второто зголемување ке следи во м. септември. Ова е законско решение и никој не може да го промени.
Поголемо зголемување на пензиите и досега немало. СЗПМ не застанува тука и понатаму предлага и бара подобрување и усогласување со закон на минималната пензија со минималната плата. Исто така се предлага покачувањето што беше за добиено во м. Април за мартовската плата 2023 год. да се исплаќа ретроградно од месец јануари.
Околу посредувањето, набавката и цената на огревното дрво. Минатата година мораме да признаеме дека беше многу тешка. Луѓето исплашени од економската криза од гласините дека цената на струјата ќе биде висока и дека нема да ја има доволно (што се покажа дека не точно) не само пензионерите, туку и многу граѓани, кои се затоплуваа со струја, бараа да набават дрва за секоја сигурност.
Побарувачката за огревно дрво и зголемувањето и цената на нафтата и нафтените деривати доведоа до зголемување на цената на огревното дрво. Превозниците побаа 200 ден плус по метар просторен за превоз и се заканија дека нема да носат ако не им се иплати. ЗП Битола по долги преговори со превозниците ИО донесе одлука Здружението да субвенционира по 100 ден. по мпр. за количините кои не беа донесени се со цел огревното дрво да стигне до пензионерите, и да не бидат изложени на дополнително плаќања.
Од друга страна, во месец август ЈП „Национални шуми“ на РМ со одлука на владата, цената на огревното дрво ја зголеми за 20%. Тоа беше уште еден шок за нас и за пензионерите Брзо реагиравме, а имавме и среќа што директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски по наше упорно барање и барање од СЗПМ, тој се обврза управениот одбор на ЈП „Национални шуми“ да донеси одлука, цената на огревното дрво да остани непроменета за договорените количини дрва за пензионерите, а парите да се уплатат 100%. Во тој период цената на пазарот на огревното дрво достигна и до 6.000 ден.
Од тие причини ИО и СОБРАНИЕТО на ЗП Битола донесоа заклучоци ЗП Битола во 2023 год. да не посредува при набавката на огревно дрво од причини што испораката доцнеше до м. февруари наредната година, односно многу пензионери во зимските денови останаа без огревно дрво.
Сепак, заради грижата на изнемоштени стари болни и осамени пензионери кои не се во состојба да се снабдуваат со огрев, повторно се одлучивме да посредуваме при обезбедувањето на огревно дрво за пензионерите, со плаќање на 5 рати.
„Цената на огревното дрво е многу висока“ Точно дека е висока. Со превозниците имавме неколку средби и бараа 5000 ден по мпр. По наше настојувавме и убедување за цената да биде пониска, укажувајќи им дека се работи за пензионери со ниски примања, болни и самци кои не се способни да набават дрва, за да на крајот се договоривме на 4.800 ден за 1 мпр. Точно е дека склучуваме договори со пензионерите поединачно за посредување при набавка за огревно дрва од причина што Подрачните служби на ЈП „Националните шуми“ Битола, Ресен, и Д. Хисар не се потпишуваа во договорите како гаранти дека ќе ги донесат дрвата на време и дека договорената цена ќе остани иста.
Договорите се склучени со превозници кои се регистрирани и лиценцирани за таа дејност, кои ни ги понудија споменатите подружници и потврдија дека добиле на тендер за сеча на огревно дрво за 2023 год.
Со приватници и поедици не сакаме да склучуваме договори и да ризикуваме затоа што имаат мали количини и нема сигурност дека ке ги обезбедат.
Нагласувам дека ЗП Битола само посредува при набавката на дрва. Плаќането да биде на рати и се грижи, на време да пристигнат до пензионерите без никаков надоместок. Како што се носат дрвата превозниците доставуваат фактури кои во договорениот рок се плаќаат на превозниците, а за кои пари прашуваат каде се и каде одат јас не ги рабирам ????
По прашањето за градскиот и приградскиот превоз- договорите за превоз ги склучи Советот на Општина Битола со превозниците, а не здружението на пензионери
ЗП Битола до 2021 год. имаше склучено договори со 5 превозници од Битола ,пензионерите да се возат со 50% пониска цена од возниот билет за градскиот и приградскиот сообракај на определените дестинации од Советот на Општина Битола. Во почетокот на 2022 год . Советот на Општина Битола донесе одлука и склучи договори со превозниците, пензионерите во вторник и петок да се возат бесплатно. Ние оваа одлука ја поздравивме и веднаш стапивме во контакт со превозниците и побаравме да склучиме договори за останатите денови пензионерите да се возат со 50% пониска цена од возниот билет. Тие не прифатија со одговор дека доволни му се договорите со Општина Битола и дека не им се исплаќа за пензионерите да ги возат како што ние побаравме. Покасно не знаме од кои причини целодневното возење во вторник и петок им беше скратено на пензионерите и сведено на неколку саати наутро и навечер. Но, тоа се однесува на договорот што превозниците го склучиле со Општината и за тоа ние не можеме ни да одговараме, ни да бидеме прогласувани од некого за виновни.
Пензионерите револтирани доаѓаа кај нас во здружението се жалеа дека сабајле е рано за нив на вечер им е касно во зимските месеци рано се стемнува. Испративме писмо до Општина Битола за овај проблем да ни објаснат што се случува и како да го решиме со цел и во интерес на пензионерите. До денес не добивме одговор“, рече Даница Петличкова, претседател на Здружението на пензионери од Битола.
Група пензионери предводени од Стево Бојаџиев, Антонио Димитровски, Пеце Гаштаров и други битолчани одржаа прес конференција упатувајќи прашања до Сојузот и Здружението на пензионери во врска со висината на пензиите, цената на огревното дрво и автобускиот превоз.
До Сојузот на здруженијата на пензионери упатија прашање дали зголемувањето на пензиите воопшто го имаат поставено на дневен ред во последните години?
„Пензиите заостануваат во однос на зголемувањето на платите и животните трошоци. Зголемувањето, односно усогласувањето на пензиите согласно закон, во последните години е занемарливо и просечниот раст за последните 4,5 години изнесува околу 2,8 проценти, што е минорно. Секоја година животниот стандард на пензионерите опаѓа, а особено инфлацијата во последните три години покажува висок раст кај основните прехрамбени продукти, струјата, транспортот и друго , па пензионерите со ниска просечна пезнија не можат да ги покријат животните трошоци“, рече Бојаџиев.
Групата пензионери упати прашање до битолското Здужение зошто е зголемена цената на огревното дрво од 3100 денари во 2022 година на 4800 денари годинава. Рекоа дека набавката на огревно дрво преку одредени приватни субјекти е понисока во однос на цената која ја нуди здружението. „Прашуваме каде се трошат тие пари“, рече Бојаџиев.
„Пред пандемијата пензионерите се возеа со градскиот и приградскиот превоз со автобуси по 50 проценти пониска цена од редовната, а здружението на пензионери дотираше одредена сум на пари за превозниците. Прашуваме зошто таа услуга е укината и зошто повторно не се воспостави кога се знае дека Здружението на пензионери од Битола располага со доволно финансиски средства“, беше истакнати од групата пензионери.
Со посредство на Генералниот Конзулат на Грција во Битола, ООУ ,, Стив Наумов", доби вредна донација од грчката болница во Флорина. Станува збор за компјутерска опрема за потребите на училиштето, која ја предадоа Генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и Јоргос Манцос, директор на болницата во Флорина, Република Грција
Денеска (07.06.2023) во периодот од 14.00 до20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 80 возачи . Од вкупно 80 возачи , 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 20 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта
Во четврток на 8 јуни со почеток од 19 часот во КИЦ - Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц - сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9 јуни и ќе трае до 11 истиот месец. Оваа година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно, збогатен е со уште една дисциплина - соло пеење. И во двете дисциплини учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.
-Уште една манипулација од градоначалникот Коњановски , затоа што тој проект за изградба на кружен тек кај Ветеринарното беше во програмата за економски развој, и ние велевме дека таму треба да има кружен тек, но не во габарит на фудбалско игралиште, кој што е непотребен и нефункционален, ќе го оштети зеленилото, кажавме јасно и гласно дека нема да дозволиме сечење на дрвјата. Ние ја поддржавме програмата за економски развој во која што ветуваат нова Противпожарна станица, мултифункционален спортски објект, се што опфаќа таа програмата, а тука е и кружниот тек. На 28 декември 2022 година, советничката група на СДСМ и коалицијата гласаа "ЗА" за амандман предложен од ДПМНЕ со кој требаше да се предвидат пари во буџетот за изградба на кружен тек кај Ветеринарното под услов проектот да биде ревидиран и да не предвидува сечење на дрвјата и зеленилото во околината. Тие ветија дека нема да биде истиот проект на Владимир Талески, кој што не го прифатија граѓаните, а го одби и Советот, беше стопиран, ветија дека ќе има нов проект. Градоначалникот Коњановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ поддржуваат проект на Владимир Талески, за кој ние сме на истиот став и тогаш и сега, тој проект не е добар, вели Борче Корелвски, советник од СДСМ
исечок од 22 Седница на Совет на Општина Битола (28.12.2022)
Изјава на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски