2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.

Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја.

Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.

Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.

Секој поминат ден со ВМРО- ДПМНЕ на власт и Коњановски како градоначалник, е на штета на Битола и битолчани. Денес жртва на самоволието на Општината се дрвјата кај поранешната
ветеринарна станица. Коњановски, со полициска асистенција и заштита сечи дрвја! Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го прават во раните утрински часови, со заштита на полициски службеници?
 
Коњановски и ДПМНЕ се одлепени од реалноста во која се наоѓа Битола. Градот тони во долгови, а тие наместо да се зафатат со решавање на проблемите, на секој чекор демонстрираат сила и насилие. Рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја и око не им трепнува за Битола и битолчани. Ова безумие што го практикува Коњановски не било ни во времето на Владимир Талески. Сите негови нереализирани проекти, сега ги реализира Коњановски, со една рака негови слепи послушници. Кога и да ја добие довербата од битолчани, ДПМНЕ им враќа на граѓаните со грабеж, насилство, самоволие и хаос, пишува во соопштението на СДСМ Битола. 

„ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот! За една и пол година Коњановски потроши околу 50 милиони евра, а Општината нема пари за ништо! Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше! Прашањето е каде завршија парите на битолчани? Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки? Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини.

 Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори! Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола.

Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот. Катастрофа! Заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола. Разрешување на оние кои се причина за оваа состојба во управните и надзорните одбори на шест битолски јавни претпријатија значи одговорност пред граѓаните.
Јавните претпријатија мора да ги управуваат домаќини и еснафи луѓе кои ја сакаат Битола. Надпартиски стручни луѓе во управните и надзорните одбори е вистинско решение, пораќа Менде Илиевски од СДСМ Битола. 

Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана Захариевска Ралевски, советник од СДСМ

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани