2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Прес конференција на Весна Баковска од СДСМ: 

 
,,Просветните работници во Битола за првпат после 23 години, годинава ќе добијат К-15 во износ од 10.000 денари. Владата предводена од СДСМ го врати регресот за годишен одмор и одвои средства во буџетот кои до крајот на годината треба да бидат исплатени на сметките на наставниците и професорите. Последно, наставниците зедоа К-15 во 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и месни производи. 
 
Владата предводена од СДСМ не ги троши парите на стиропор и жални врби, туку во зголемување на платите. Од формирањето на Владата пред шест години досега, платите на наставниот кадар се зголемени за 55%. За споредба, во 11 години владеење, ДПМНЕ ги зголеми платите во образованието за само 4%. Претходниот период го паметиме и по казните од екстерните тестирања, 60 милиони евра потрошени за компјутери за секое дете кои никогаш не проработија, а наместо студентски и ученички домови, се градеа споменици.
 
Подобрување на животниот стандард на граѓаните е основна цел на Владата предводена од СДСМ. Враќање на достоинството на наставниот кадар е еден од нашите приоритети!", рече Баковска. 

СДСМ Битола пренесувајќи го фесјбук статусот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска порача : „Ова се резултатите од работењето на Владата на СДСМ! Парите кај граѓаните, не во стиропор!“

„Од 2019 година до денес зголемување на платите во градинките. Воспитувачите за 54% поголема плата!  Негувателите за 47% поголема плата!  Хигиеничарите за 64% поголема плата! Затоа што го цениме трудот на вработените на кои им е доверена иднината на нашите деца“, објавија од СДСМ. 

На 09.11.2023 и 10.11.2023 год. со почеток во 20:00 ч. во малата сала на НУ Центар за култура ќе се одржат проекции во рамките на „Недела на јапонски филм“

„Коњановски и ДПМНЕ за 2 години потрошија над 60 милиони евра, а абер немаат да ги почнат, камо ли да ги реализираат проектите што ги ветуваа. Нема нови инвестиции, нема спортски комплекс,  нема ново училиште, нема нова зграда за пожарната, нема рекреативен центар Смолево...Нема ни отчет каде се потрошени парите на граѓаните“, рече Методија Илиевски, кооринатор на советничката група на СДСМ на денешната седница на Совет освернувајќи се на предизборните ветување на ВМРО-ДПМНЕ 

„За проекти и реализација не ги бива, ама за извртување на вистината ДПМНЕ се махери! Во ребалансот што го предлага Коњановски, парите за К-15 и повисоки плати се обезбедени од Владата што ја предводиме! И нашите сограѓани ќе ги добијат! Спорни се намерите на Коњановски и ДПМНЕ да се расфрлаат со пари за работи кои треба да се платат следната година, изјави советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната седница на Совет. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани