2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со традиционалниот прием на претставници од општинската организација на Сојузот на борци, во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, започнаа денешните настани за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола.

тони

Настаните од општинската програма по повод денешниот празник продолжија со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура и Споменикот на народниот херој Стив Наумов. Пред спомен обележјата, почит оддадоа, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, претставници на збратимените градови Епинал, Пожаревац и Осиек, како и претставници на политичките партии. На партизанските гробишта, свежо цвеќе положи заменик градоначалникот Бојан Бојкоски.
bor
bor3
 
совет
Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до присутните гости и сите жители на општина Битола:
„Денес, кога одбележуваме 79 години од ослободувањето на Битола, со голема почит, кон луѓето кои ги дале своите животи за денешната слобода, горди сме на значајните културно – историски вредности кои ги поседува нашиот град, што уште повеќе ја зголемува должноста, да направиме многу повеќе за напредокот на Битола. Наша обврска е да продолжиме да го градиме најубавиот град, да ги подобруваме условите за живот на сите граѓани, а пред се да бидеме мотив за творештво и работа на младите генерации на овие простори. Затоа, како локална самоуправа и дејствуваме во таа насока, преку реализација на бројни проекти и зајакнување на меѓународната соработка, со цел зголемување на можностите за инвестиции,
напредок и развој.
bor2
др
 

Македонскиот уметник Зоран Кардула во чест на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, изработи портрети од осумте народни херои кои во антифашистичката борба  ги даде градот и со чии дела битолчани и денес се гордеат. Портретите се преземени од неговиот ФБ профил 

 398771684 24579701014978900 8799559182246912517 n

398780088 24579700814978920 6574043638303004436 n

398886798 24579701021645566 2037139175276691392 n

398927314 24579700788312256 9135132750231821692 n

398930145 24579700991645569 4471473153686788835 n

398956579 24579700828312252 3982584148733840407 n

399021555 24579700818312253 5606703215328418453 n

399340021 24579700798312255 9054300274413260805 n

 

По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичкиот окупатор, министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ во с. Лавци.

Исто така, заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот “Гоце Делчев” и на споменикот на револуционерот Стеван Наумов – Стив.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 4 НОЕМВРИ 1944

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БИТОЛА ОД ФАШИСТИЧКАТА БУГАРСКО-ГЕРМАНСКА ОКУПАЦИЈА 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани