2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

 

 
Во текот на денешниот ден, противпожарните екипи беа  постојано на терен и успешно ги совладаа големиот број пожари кои се појавија во Битола и околината, соопштија градоначалникот Тони Коњановски

Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина  пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето учествуваше битолската пожарна, а пожарникарите вложија надчовечки напори да го спасат објектот каде има училиште и градинка. 

364535931 1534222453651185 8288654323466888420 n

Десетина  пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата Стрелиште во  Битола, а од противпожарната единица велат дека сите се подметнати.

Еден од пожарите серизоно се доближи до куќите во Стрелиште и во непосредна близна на подрчаното улилиште, каде има и градинка, но пожарникарите го спасија објектот. 

На територијалната противпожарна единица  за справување со пожарите им помогна и дождот што околу 17 часот ја зафати Битола

Моментално запрени се работните активности за обнова на планиансркиот дом Копанки на Пелистер. Од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој стопанисува со домот, изјавија дека теренот е расчистен и подготвен за да почне обновата, однесени се песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект), но арматурата железо во шипки во должина од 12 метри не може да се пренеси со жичницата која е дел од Ски-центарот „Копанки“, па се бараат алтернативни начини за пренос.

„Наша обврска е набавка на градежен материјал и пренос на материјалот од жичницата на Ски-центарот Копанки до планинарскиот дом, обезбедување вода и електрична енергија. Фирмата што ќе ги извршува градежните работи со машина го расчисти и спреми теренот во објектот, како нивна донација обезбедија и песок. Набавен е цемент и железо за обнова на целиот објект, ќе се носи според потребите. За почеток на градежните активности однесен е песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект) останува да се однесе арматура железо во шипки , но спречени сме да го пренесеме со жичницата затоа бараме алтернативно решение за пренос и од овие причини моментално се запрени работните активности“, вели Димче Попов, претседател на ПСК „Пелистер“.

Од ЕСМ Молика кои стопанисуваат со жичницата и ски центарот „Копанки“ велат дека тие уште од март целосно ја имаат ставено на располагање жичницата за да се префрлат сите градежни материјали за обновата на домот Копанки, но оние кои се безбедни и нема да предизвикаат опасност на жичницата. Преносот на железните шипки е комплицирано и бара посебни услови, може да презивика и оштетување на жичницата, па затоа им укажале на ПСК „Пелистер“ да бараат алатернативен начин за транспорт на тој материјал. За да се излезе во пресрет на обновата на домот, дури и ремонтот на жичницата наместо за август е преместен за септември.

До местото каде е прланинарскиот дом Копанки, кој изгоре пред десет години, не води асфактен пат, туку само планинарски патеки, жичница и ски патека. Стариот дом кој изгоре во 2013 година, беше изграден пред 85 години кога немаше жичница, а најголемиот дел од материјалите планинарите енузијасти ги носеа на раце и влечејќи ги со коњи.

Инаку реконструкцијата треба да започне со донација од Општина Битола од 3,8 милиони денари (62 000 евра) , но тоа нема да значи комплетна реконструкција на домот зашто тие пари не се доволни за целосно да се изгради во услови кога цените на градежните материјали растат.

„Финансиските средства што ги донираше Општина Битола лани во август во износ од 3,8 милиони денари (62 000 евра) не се доволни за обновата на планинарскиот дом Копанки од причина што драстично се зголемени цените на градежните материјали и работната рака и се надеваме на додатна финансиска помош од општина Битола“, вели Попов.

Со парите се изработи проект, негова ревизија, се избра надзор. Потпишан е и договор со градежна фирма „Стентон градба“ за негова обнова. Деновиве градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изврши увид на Копнаки при што беше информиран дека во првата фаза – карабина, планирано е објектот да биде завршен пред почетокот на зимата.

Ж.З. 

За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младитеСекојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа, вели практикантот Дарко Филевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани