2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, се сомнева дека службеници од Општина Битола, но и надворешни лица го злоупотребуваат нејзиниот службен меил, откако писмо адресирано лично до неа Општината го испрати до медиумите. Станува збор за известување кое Делегацијата на ЕУ го упати до Илиевска како одговор дека сретства од проектот „Смартфорју2“ не може да бидат искористени за реконструкција на објектот Парк. Илиевска смета дека во случајот има и нарачател, поради што ќе го пријави во обвинителството за упад во нејзината електронска пошта.

- Некој службеник или некои службеници од администрацијата на Општина Битола, неовластено ја користеле мојата емаил адреса и електронското сандаче кои ги имам како Претседател на Совет за комуникација со исто така надворешни лица за кои јас не сум дала никакво овластуванје или согласност. До денес не ни имав сознанија дека ова се случувало во општината, за кое нешто веднаш ќе отворам предмет во Јавното Обвинителство во Битола и ќе барам најригорозно да се казнат сторителите на овој упад кон мене како Претседател и човек и да спречам во иднина да не се повтори на било кој друг советник во градот. Сметам дека сторителите имале и помош од други лица кои се стручни во областа на информатиката за да го изведат овој упад, што како факт ќе го истакнам, исто така пред органите. Ерата на злоупотреба на личните податоци, загрозувањето на основните човекови права одамна заврши тука, меѓутоа најверојатно не и за некои службеници во општина Битола. Допрва пред органите ке си кажат кој тоа го наредил, кој го организирал и со која цел. Верувам во институциите на системот и верувам дека оваа криминална афера ќе ја расчистат брзо ефикасно и законито, вели Габриела Илиевска, претседател на Советот

Илиевска вели дека одговорот од Делегацијата на ЕУ го препратила до сите советници потпишани на писмото кое му го врачија на евроамбасадорт Дејвид Гир при посетата на Битола.

-Јас од одреден медим разбрав дека сум скрила некакво писмо, кое е адресирано до мене и до советниците кои се потпишаа на писмото до Европска делегација. Прашањето е за какви европски вредности зборува општина Битола, за какви европски стандарди и проекти зборува кога објавува службен меил кој е лично мој и писмо адресирано лично до мене. Ме  интересира на кој начин стигнале до писмото, се соменвам во злоупотреба, додава Илиевска.

Во писмото кое Општината го испрати до медиумите се наведува

„Активноста „Реконструкција на постоечката зграда  на објектот „ПАРК“ во Битола“ како дел од проектот SMART4YOU2 прекугранична соработка беше модифициран бидејќи, водечкиот апликант, немаше доволно средства за реконструкција на оваа зграда, воглавно поради неодамнешните покачувања на цената. Како резултат на тоа, водечкиот апликант, предложи, наместо тоа, основање на систем од велосипедски патеки во градот Битола. После проценката на оправданоста и ревизијата, Делегцијата го дозволи овој амандман, кој подлежи на одредени услови, бидејќи одговара на слични иницијативи низ Европската унија, каде туристите можат да изнајмуваат (со наплата или бесплатно) велосипед и да посетуваат локални знаменитости. Не постои можност за понатамошно финансирање кое би можело да се намени за реконструкција на постоечката зграда „ПАРК“ во Битола“

На денешната седница на Советот, градоначалникот Тони Коњановски, побара одговор од претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за писмото  од Делегацијата на Европската унија.

-На 19 октомври при посетата на амбасадорот Дејвид Гир на Битола, новото мнозинство предаде едно писмо со ваши размислувања во однос на проектот Смартфорју2. Со оглед дека Општина Битола е водечки партнер во тој проект, а моите инфомаации се дека стигнат е одговорот на тоа писмо. Би сакал да ве замолам да го обзнаните пред јавноста и советниците, рече Коњановски и ја праша Илиевска дали ќе добие одговор.

Илиевска му рече дека според деловник и статут, советниците поставуваат прашања.  

 

Патниците кои тргнале со возот од Скопје во 14,30 часот во Битола стигнале дури вечерта во 21 часот, сведочат читатели за Апла.мк.  Според нив, возот се расипал кај Богомила, па патниците чекале пет часа. Откако на крај изгубиле надеж дека ќе се поправи со комбиња доашле до Битола.  

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски беше домаќин на амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчик.

„Господинот Гжелчик на функцијата амбасадор во Република Северна Македонија е официјано од мај 2023 година, со што посетата на нашата библиотека е на почетокот на неговиот мандат. За време на посетата, делегацијата од Амбасадата на Р. Полска предводена од амбасадорот имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката, како и со тековните и веќе реализираните проекти, а се разговараше и за заедничка соработка“, соопштија од Битолската библиотека. 
400621252 744585727710414 724854610890616332 n
 
На средбата се постигна меѓусебен договор во кој предвидено е реализирање на низа заеднички активности во наредниот период. Првично планирано е фондот на Библиотека да се збогати со книги од полски автори на полски јазик, како и книги преведени од полски на македонски јазик. Потоа планирано е збогатување на библиотечно катче со полска литература во склоп на библиотеката.
 
Во текот на наредната година предвидени се уште неколку активности во делот на популаризација. Месец мај во Република Полска е посветен на популаризацијата на полската литература и култура во странство. По тој повод, на оваа посета беа договорени обуки на библиотекари, културни манифестации и семинари во кој учество ќе земат познати полски писатели и библиотекари, како и размена на библиотекари во и од Република Полска и Република Северна Македонија, со цел размена на искуства и пратење на моредните трендови од библиотечното работење.
„Нашата библиотеката е институција која поддржува културна размена, развој во областа на библиотекарството и секогаш работи во интерес на читателите“, велат од НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола. 
400657190 744585847710402 80067883036889251 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани