
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младинскиот културен центар - Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, реализира волонтерска акција наречена Опстанок.
Акцијата се реализира во СОУ „Таки Даскало“ Битола, во соработка со вработените и волонтерите од училиштето, со цел обновување и обезбедување на услови за зачувување на зеленилото во училишниот двор. За време на акцијата се засадија садници и се постави систем за наводнување „капка по капка“ како би обезбедиле услови за одржување на зеленилото во училишниот период. Во дополнение на оваа активност волонтерите ги разубавија жардинериите во дворот со исцртување и обојување.
Училишниот двор во СОУ „Таки Даскало“ Битола сега е уреден, раззеленет и обезбедени се услови за опстанок на зеленилото во престојниот летен период.
Во акцијата беа вклучени 50 волонтери од редовите на волонтерскиот клуб на училиштето, вработените во училиштето и претставници од граѓанскиот сектор во Битола.
АД ЕСМ Подружница РЕК„Битола“ го честита Денот посветен на Св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само македонската писменост, туку и за сите словенски народи.
Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, ОУ „Коле Канински“ од Битола одржа работилница со наслов „Речи му не на пушењето“.
Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.