
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека како резултат на невремето кое ја зафати територијата на општина Битола предизвикани се следните штети по пријави за:
Невремето кое попладнево го зафати регионот, предизвика поплавување на дел од улиците во градот, а ЈКП "Водовод" информираат дека нивните екипи се на терен и интервенираат со цела оператива и механизација, за расчистување на улиците и тротоарите.
На барање на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, попладнево се одржа итен состанок на штабот за заштита и спасување. На состанокот присуствуваа претставници од општинската администрација, директорите на јавните претпријатија, Претседателката на Советот на општина Битола, координаторите на советничките групи при општинскиот совет, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, СВР Битола, ТППЕ Битола и ОО Црвен крст Битола.
Од страна на присутните беше образложено дека, пријавени се штети на следните локации: удар од гром на улицата Караорман број 104 в, поплавени визбени простории на улицата Ѓорче Петров, на броевите 21 и 39, поплавени куќи на Дебарска бр 99, Струшка бр. 33, Димитар Мите Богоевски бр.6, одрон на патниот правец А3 (кај тунелот), како и паднати дрвја на патниот правец Беранци – Вашерејца – општина Могила.
Јавните претпријатија со своите човечки ресурси и механизација, на терен веќе работат на отстранување на штетите предизвикани од обилните врнежи од дожд, а КЈП Нискоградба, согласно заклучоците од денешниот состанок има обврска да изготви динамички план со технички решенија за отстранување на поголемите проблеми на одредени локации, каде истите се констатирани.
Граѓаните кои имаат штети, истите може да ги пријавуваат на телефонскиот број 112 на Центарот за управување со кризи, а Комисијата за проценка на штети, дополнително ќе ја утврди состојбата.
На денешниот состанок, беше договорено и општинската администрација да ги контактира претседателите на урбаните и месните заедници, како би можело да се добијат точни податоци за нанесени штети во сите делови на општината и соодветно на тоа, доколку е потребно да се преземат дополнителни мерки.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски за денес во 18 часот свика општински кризен штаб по повод интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.
„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.
