2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

2,17 и 2.05  промили алкохол во крвта,  толку покажал  дрегерот  на полицајците кои синоќа ги стопирале  и побарале да измерат дали овие возачи  управуваат  моторно возило под дејство на алкохол.  Двајцата  се  рекордери  меѓу 51  пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше  спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. 

За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.


Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули 1943

Во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Беше ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапи во напредното движење, односно беше меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа беше апсен од бугарската фашистичка полиција, подложен на ѕверска физичка тортура, но секогаш храбро се држеше и не ги предаваше своите другари и својата Партија. Во јуни 1943 година, штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци беше фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне беше убиен.

Административците кои користат  неплатено отсуство по 3 месеци  за да работат во странство,  по нивното  враќање да се вработата во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила. Ова е предлогот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, запрашан денеска во Битола дали трендот вработени  од јавната администрација  да заминуваат на неплатен одмор за да одат на печалба   има загрижувачки размери.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани