
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре, 4 јули, со почеток во 18 часот во Зоолошката градина во Битола ќе се одржи промоција на книгата „Мисловни патеки“ од сега покојниот Нешат Аземовски, а промотори ќе бидат неговата сопруга Фатма Бајрам- Аземовска и нивните деца Леона и Даријан.
„Нешат беше битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“, напиша неговата сопруга на социјалните мрежи.
Основно училиште заврши во „Елпида Караманди“, истакнувајќи се со својот став, одлични оценки и беше активно вклучен во многу секции. Средно училиште заврши во „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, исто така со просек 5. Потоа, се запиша на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија во Скопје.
„Тао беше периодот кога сам се снаоѓаше во животот, го купи првиот компјутер и принтер и почна сам да заработува за живот, помагајќи им на студентите да направат есеи, семинарски и дипломски работи.
Подоцна ја основа невладината организација „Биосфера“ како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја“, додава Фајрам-Аземовска.
Посебен интерес покажуваше за заживување на Зоолошката градина во Битола. Започна со реализирање на многу проекти и активности.
Се запиша на втор факултет одбирајќи го ФАМИС Битола, на отсекот Европски интеграции и менаџирање со европски проекти. Во тој период станува неформален ментор на многу студенти со неговиот ведар дух, знаења и вештини. што ги запознава во тој период, учат од него за многу животни лекции и тој ги охрабрува сами да чекорат по патеката на животот, па така Нешат беше иницијатор за основање и други н евладини организации кои денес успешно работат остварувајќи ги своите цели, благодарение на менторството и помошта која Нешат несебично ја даваше на младите.
„Нешат веруваше во Универзумот и често знаеше да дава мудри совети кои беа познати како нешадизми. Беше прекрасен сопруг и татко, човек посветен 24 часа на семејството, тие му беа најважни. За да може подобро да одговара на родителството посетуваше обуки, читаше книги и имаше секогаш време за семејството. Нешат е тука со неговите мисли, со совети, со нешадизмите. Неговите дела уште зборуваат за него“, напиша сопругата.
Љутфи Ахмети е резибран на лидерското место на ДУИ во Битола. На денешните внатрепартиски избори за избор на претседатели на локалниот огранок, одржани во Битола, со новиот модел на гласање- еден член еден глас,со мнозинство на гласови реизбран за претседател беше Љутфи Ахмети. Тој е истакнат активист на оваа патија , а ја извршува и функцијата заменик директор на ЈП,,Стрежево''- Битола.

Битолчани на социјалните мрежи реагираат не само на некултурно однесување на некои тинејџери со вовчето Мечо, туку и на нивна агресивност поради што велат дека се соочиле со опасност тоа да се преврти. Родителите кои со своите деца деновиве се возат со Мечо бараат надлежните да преземат мерки пред да се случи трагедија.
Читајќи песна од битолскиот поет Панде Манојлов наречена „Душа“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја заврши денешната прес конференција на која го обвини како што рече, новото советничко мнозинство за незаконско одржување на седница, донесување на незаконски одлуки за разрешување на управни тела во јавните претпријатија и за иницијативи за разрешување директор за што немаат надлежност, а значат мешање во неговите ингеренции.
Коњановски рече „бидејќи е крај на викендот, би ве замолил за кратко заедно да ја проследиме, ова е многу поучна песна која е добро да се чуе“:
„Душата тежела само 21 грам,
така покажаа испитувањата
од пред стотина години.
Во 21 грам собрано е се,
и љубов и среќа, и добрина и надеж.
Во тие 21 грам не се пресметани
омразта, зависта, гневот и лошотилукот,
За нив нема мерка што ќе ги измери“, прочита Коњановски.
Тој рече дека од неговото доаѓање, како градоначалник на Општина Битола, главен приоритет му е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во интерес на сите битолчани. Во ниту еден момент не помислив дека мојата работа треба да се сведува на собирање политички поени или манипулирање на граѓаните, како што тоа се прави од одредени структури во Советот на општина Битола.
Интегрална изјава за проблемот со бездомните кучиња од денешната прес конференција на градоначалникот Тони Коњановски
