
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членови на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и донираа 100 постелнини. Штитениците во домот ги поздрави претседателката на Здружението на пензионери, Даница Петличкова и воедно им посака здравје и долг живот.
„Донацијата ја даваме за нашите пензионери кои од различни причини животот го продолжуваат згружени во Домот ‘Сју Рајдер’ во Битола. Тие се наши пензионери, наши граѓани, наши пријатели кои заслужуваат да имаат мирен, спокоен и сигурен дом“, рече Петличкова.
Заедно со претставниците од Здружението беше и пејачката група „Сирма Војвода“ која на штитениците од Домот им одржа и концерт со народни македонски песни. Задоволни станарите на Домот запеаја и заиграа заедно со посетителите. На крај ги испратија со аплауз и желба пак да ги посетатат.
На 19.03.2023, недела, на улица Булевар 1-мај, Битола, зона “А5“ (пред “Стела“), и зона “В7“ ќе се одвива градежна активност бележење на хоризонтална сигнализација -паркинг места.
Замолуваме сите станари да ги преместат своите возила од 7 до 14 часот, за непречно извршување на работните активности на ЈППЈЛП-Битола.
Ви благодариме за разбирањето.
На денешен ден 17 март се родени Вангел Нечевски Тунелот и Лазо Хаџи Поповски, учесници во НОБ
Синдикатот на РЕК „Битола“ донираше компјутер лаптоп на Здружението на лица со посебни потреби „Емануил плус“. Оваа скромна донација ќе ја олесни работата на здружението во кое членуваат родителите на деца со церебрална парализа и ќе ја подобри комуникацијата со други слични здруженија кои заеднички се обидуваат да издејствуваат подобра институционална грижа.