2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Реализацијата на капиталните проекти на општина Битола, предвидени за 2023 година, се одвива со одлично темпо. Во однос на податоците кои што се однесуваат на вториот квартал од оваа година, до 30 јуни се реализирани 29.18% од капиталните расходи, или 111.325.057,00 денари.

Најголем дел од овие средства, во износ од 50.744.637,00 денари, се исплатени за изградба и реконструкција на улици и патишта. Тука влегува изградбата на коловоз на ул. „Крушевска Република“, ул. „Стара Чешма“, ул.„16-та“, реконструкција на коловозот на улиците „7-ми јули“, „Наум Наумовски Борче“, „Довлеџик“, „Македонска фаланга“, локалниот пат до с. Брусник, санација на коловоз со потпорен ѕид во Девеани, стабилизација на банкини со камена коцка на коловоз во с.Трново, девијација на мост на реката Драгор, реконструкција на коловоз на Бул.1-ви мај и др.

Исто така, во голема мерка се работеше на изградба и реконструкција на други објекти, односно изградба на детски парк и поставување на урбана опрема, стадионот под Тумбе кафе, санации на училишта, спортски игралишта, месни заедници, партерното уредување околу Офицерскиот дом и други тековни активности, за кои се исплатени 39.052.529,00 денари.

Паралелно во Одделението за економски развој се подготвуваат проекти за улици и патишта, а до овој квартал вредноста е 2.577.569,00 денари. Во реализацијата на буџетот се вклучени  и средства за Изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализација во вредност од 7.481.069,00 денари, Изградба и реконструкција на капацитети за водоснабдување 3.631.739,00 денари, Изградба и реконструкција на капацитети за енергетика 4.824.363,00 денари, Надзор над изградбата 1.270.204,00 денари итн.

Во завршна фаза на реализацијата на еден многу значаен проект за жителите на населбата Недопирливи, каде што се изврши комплетна  промена на водоводната и канализационата мрежа, по што следи асфалтирање и поставување на улично осветлување. Во тек е реконструкција на паркинг просторот кај Спорската сала „Боро Чурлевски“ и комплетно реновирање на соблекувалните, за достојна презентација на нашиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони. Пред фаза на асфалтирање е мостот кај Довлеџик, а се работи и на Кружниот тек кај Ветеринарната станица. За новата зграда на Територијалната противпожарната единица се чека одобрување на основниот проект за градба, а во рамките на изработката на Генералниот урбанистички план, во моментов се изработуваат 8 студии.

Пред отпочнување на изградба е колекторскиот систем и пречистителна станица во Националниот парк Пелистер, во вредност од 15.000.000 денари, проект кој се реализира во партнерство со Пелагонискиот плански регион.

Во завршна фаза е дигитализацијата на услугите како приоритет кон граѓаните, со кој се овозможува значително олеснување на услугите и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на општинската администрација, преку систем за управување со документација (ДМС), геоинформациски систем (ГИС) и можност за електронско плаќање на услугите кои ги дава општината.

Транспарентноста и отчетноста на оваа локална самоуправа се потврдува и со постојаното известување на јавноста за тоа каде и колку се трошат средствата на граѓаните. Капиталните инвестиции се една од најважните ставки во општинскиот буџет со суштинска важност за локалното население на територијата на целата општина.

Во следната табела е даден пресек на реализацијата на буџетот во вториот квартал од 2018 година наваму, со што може да се види текот на истиот во изминатите 6 години. Последните 2 години, односно од периодот на работа на градоначалникот Тони Коњановски, видлива е зголемената реализација и на приходите и на расходите, што е јасен показател за посветеноста во работењето на оваа локална самоуправа во насока на реализација на капиталните објекти.

Во вториот квартал од 2023 година, финансиската состојба на општина Битола е стабилна и подготвена за натамошна реализација на сите изведени проекти. Наплатата на ситуациите и по завршувањето на вториот квартал, се реализира според предвидената динамика.

Интегрално го пренесуваме одговорот на ЗК Пелагонија во врска со обвинувањата на ЈП Стрежево дека им ја загрозуваат работењето:

„Најголемиот производител на храна во нашата држава, ЗК Пелагонија АД Битола над 7 години трпи сериозни штети од недомаќинското работење на ЈП Стрежево. Над седум години раководството на ЈП Стрежево не ги почитува ниту една од постигнатите спогодби за взаемна соработка на рамнопправни односи. Дотолку повеќе што во 2019 година при постигната спогодба токму ЈП Стрежево ја блокира безпредметно сметката на ЗК Пелагонија и тоа во период на есенска сеидба која е од клучен интерес за финансиската состојба на комбинатот.

Сакаме да ја информираме јавноста и посебно граѓаните на Битола и цела Пелагонија дека одговорноста за водоснабдувањето на градот е надлежност на ЈП Стрежево, ЗК Пелагонија е економска гордост на Битола и регионот, но ние веќе не можеме да дозволиме да работиме на штета на нашата компанија.

Одговорноста за нерешавањето на проблемите на ЈП Стрежево е само во раководството на ЈП Стрежево.

Искрено нека одговори раководството зошто ја блокира ЗК Пелагонија цели 60 дена во 2019 година, за време на сеидба на пченица?

Колку затезни камати наплати ЈП Стрежево од ЗК Пелагонија?

Колкава фактура испостави за 2015 година кога не испорача вода и дали истата ја наплати од ЗК Пелагонија?“, пишува во одговорот на ЗК Пелагонија 

 

Раководството на Стрежево ќе ги преземе сите законски мерки и нема да дозволи земјоделците и правните лица да се соочат со рестрикции на вода, граѓаните да немаат доволно вода за пиење и да се загрози исплатата на плата на 250-те вработени, и ќе продолжи професионално и успешно да го води Хидросистемот , рече директорот на ЈП „Стрежево“, Менде Граматковски, во врска со долгогодишниот сидски спор со ЗК Пелагонија и обидите да се блокира сметката на претпијатието. 

Спортските работнички игри во РЕК Битола по повод Денот на рударите влегуваат во својата завршница. Познат е пласманот во најголемиот број дисциплини.

Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.

Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.

Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.

Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.

Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани