2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На последната одржана седница на Наставно- научниот совет на Правниот факултет при Битолскиот универзитет беше комплетирано раководството на оваа високо-образовна установа, односно се избрани тројца продекани од редовите на еминентните професори кои последиве години се истакнаа со својата настава работа и изработка на проекти од општество и научно значење.

За  продекан за настава е избрана доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, за продекан за наука и меѓународна соработка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и за  продекан за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски.

На денешната седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година.

 Археолошкиот локалитет Влахо кај битолското село Живојно во Пелагонија е  најстарата неолитска населба во Македонија, што е  потврдено со лабораториско датирање, соопшти  Центарот за истражување предисторија.

Денеска (23.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со С.Р.(46) од Битола. Тој се сомничи дека на 20.01.2023 извршил тешка кражба во куќа на ул.„Димитар Влахов" во Битола, при што одзел разни предмети.

Тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани