2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Битола. Тој се сомничи дека на 10.10.2022 околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

СВР Битола во изминатите неколку месеци презеде зајакнати мерки и активности за спречување на шверцот со наркотици, а статистичките податоци укажуваат на зголемена ефикасност во санкционирање на овој вид кривични дела. Имено, во месец август оваа година на подрачјето на градот Битола, полициските службеници од криминалистичка полиција при СВР Битола во делот на недозволената трговија со дрога имаат извршено четири претреси на домови, при што лишени од слобода биле 17 лица, а 3 други биле задржани во полициска станица. Поднесени биле две кривични пријави против двајца сторители, при што е одредена мерка притвор. Притоа, пронајдени и одземени се стебла марихуана, пакувања со марихуана, пакувања со амфетамин, хероин, дигитални ваги со остатоци од марихуана, дробилки со остатоци од марихуана како и други предмети поврзани со кривичните дела.

Во текот на септември извршени биле 3 претреси во домови и простории кои ги користат дилерите, при што лишени од слобода биле 22 дилери на дрога, а 4 други задржани во полициска станица Битола. Поднесени се 5 кривични пријави за шест кривични дела против пет сторители. Одреден бил притвор за тројца од нив. При претресите е пронајдена марихуана, амфетамин, хероин и други предмети со остатоци од дрога. Или, во изминатите четири месеци (јуни, јули, август и септември) при преземените мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога лишени се вкупно 65 дилери на дрога во Битола, во координација со Јавното обвинителство поднесени се 14 кривични пријави по чл.215 од Кривичниот законик, одредени притвори за дел од нив.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани