2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации.

Полициски службеници од СВР Битола во текот на изминатата ноќ  реализираа акцииска контрола која  е дел од планот  "Безбедно лето-2022". Оваа контрола беше спроведена на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир на цело подрачје на СВР Битола. 

пишува: Александар Литовски

Градежните активности за реконструкција на улицата „Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.

Времето денес: Претпладне сончево и многу топло и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=9

ВРЕМЕТО УТРЕ (03.07): Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. УВ=9

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на многу топло време. Поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град и силен ветер.

Европската енергетска криза ги остежнува активностите од зеленото сценарио, и во Европа и кај нас, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на енергетската конференцијата МЕФ 2022 во Охрид. Говорејќи на панелот ,,Нови пристапи во постигнувањето на целта за нет-зеро”, Ковачевски порача дека АД ЕСМ паралелно функционира на две траси, односно работи на стабилно обезбедување и испорачување електрична енергија за граѓаните, и истовремено работи на изградба на електрани на обновливи извори и спроведување на зелената агенда.

,,АД ЕСМ продолжи со инвестициите во обновливи извори и покрај енергетската криза. Токму првата фотонапонска електрана Осломеј-1 е изградена во текот на ковид кризата и енергетската криза, во исклучително тешки услови за работење, и таа електрана веќе произведува електрична енергија од сонце. Обезбедивме финансирање и за ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10MW. Имаме и други проекти за обновливи извори во подготовка, со кои имаме намера да со замениме производството од јаглен, додека базната енергија би се обезбедувала од електрани на гас, и од хидроелектраната Чебрен, кој проект исто така посветено го водиме”-изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски потенцира дека сите држави доживеаја последици од енергетската криза врз нивните програми за намалување на емисиите во атмосферата и спроведувањето на активности кон зеленото сценарио, а причините за тоа се големите финансиски средства кои енергетската криза ги побаруваше од државните буџети, така што и државите и енергетските компании мораа да кратат средства од други програми за да можат да обезбедат доволно електрична енергија, но и други енергенси за секодневното функционирање и потреби на граѓаните.

На крајот, директорот Ковачевски го потенцираше придонесот на Управниот одбор и Надзорниот одбор, директорите и сите вработени во ЕСМ, со чиј максимален ангажман во време на најголемата енергетска криза воопшто, се обезбедува сигурна и стабилна испорака не електрична енергија и притоа се заштитуваат граѓаните и малите потрошувачи од енормни зголемувања на цената на струјата.

Во фоајето на Центараот за култура во Битола отворена концептуалната изложба АЛГА која претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна.

Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали. Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток. Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геометриски форми инспирирани од алгите.

И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го созадава. Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.

„Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време. Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црна…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела”- истакнуваат авторите на изложбата. Изложбата трае до понеделник, а на овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс свои сетови ќе имат DJ Dejan Dex, Herzel и Chiko. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

289714176 3480465425605916 3197386714041022487 n

289426262 560550065613117 2823067229578823053 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани