
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изминатиот преиод во СОТУ „Ѓорги Наумов“ имаше реализирани доста инфраструктурни активности, реновирањето на покривот на училиштето, опремување на кабинетите, набавка на мебел , реновирање на дел од спортската сала. Но, после тоа, односно во текот на овие два месеца идентификувавме доста проблеми настанати со инфрастуктурните зафати, рече Жанета Сервини, в.д. директорка на училиштето на Комисијата за јавни дејности во Општина Битола одржана на 14 септември.
„На пример покривот постојано капи, имавме проблеми со тоа, прокапува при секое врнење. Кабинетите се оштетуваат при тоа. Проблеми со паркетот во спортската сала кој беше реновиран. И ние во овие два месеци се занимаваме со поправање на тие инфраструктурни зафати. Приоритет во училиштето е компјутерската опрема, се опремија четири кабинети, но се обезбеди опрема со едно куќиште за 17 компјутери во кабинет. Настана проблем со реализација на наставата посебно за стручните предемти во трета и четврта година. Имаше и нереализирани наставни часови“, рече Сервини притоа критикувајќи го работењето на претходното раководство на училиштето.
Таа најави и нови инвестиции и проекти.
И покрај тие проблеми со кои се соочивме и почнавме да ги решаваме, ние сепак направивме еден огромен проект за училиштето и успеавме да аплицираме со него за опрема околу 600 000 евра. Тој беше започнат претходно, околу 8 проценти во права фаза беше завршена. Со вклученост на сите професори од стручните активи, со максимални напори успеавме да стигниме во рокот и да аплицираме. Во однос на другите активности, планираме во текот на оваа година, снабдување со опрема за вежби што ќе ни биде приоритет во следниот период. Има и одредени инфрастриктурни зафати со кои ќе се занимаваме во следната година, а пред се и обезбедување на соодветна компјутерска опрема како што доликува на Техничкото училиште бидејќи имаме нова програма со програмски јазици кои треба да се изучуваат“, додаде в.д. директорката.
За лагите и китењето со туѓи перја гледано отстрана
Демант на изјавата на в.д. директорката на Техничкото училиште изнесена на
Комисијата за јавни дејности
На ден 14.09.2022 год. на седницата на Комисијата за јавни дејности во Советот на општина Битола в.д. директорката на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола ја искористи приликата во своето обраќање да ја изманимулира јавноста како и вработените во техничкото училиште при презентирањето на Годишниот извештај за учебната 2021/2022 година.
Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ што го издава Македонското научно друштво – Битола, за прв пат се појавува во 2013 година, а своето десетгодишно постоење оваа година го одбележува со излегување од печат на два броја – бр. 10 и бр. 11 - и двата со финансиска поддршка на Министерството за култура. Списанието го уредува редакција составена од четворица членови на Македонското научно друштво – Битола: ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, главен уредник и Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ како уредници, но и меѓународен уредувачки одбор од книжевници и/или универзитетски професори од Саудиска Арабија (Раед Анис Ал-Јиши), САД (проф. д-р Михо Нонака), Кина (проф. д-р Цемин Итион Тсаи и проф. д-р Су Џен Лин), Велика Британија (проф. д-р Том Едвард Филипс), Словачка (проф. д-р Звонко Танески), Србија (Искра Пенева) и Босна и Херцеговина/ Русија (м-р Жарко Милениќ). Списанието покрај што е достапно во печатена форма, достапно е и на вебстраницата на Македонското научно друштво (https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/), но исто така е редовно промовирано на различни значајни светски книжевни портали, а дел е и од домашните библиотеки на истакнати странски поети и писатели, уредници, приредувачи, издавачи, преведувачи, книжевници. Соработници за овој број на списанието кои дадоа прилози или учествуваа со свои преводи се: Адем Абдулаху, Салех Ал-Кунаизи, Сеида Богдановиќ, Борче Георгиев, Јапрак Дамла Јилдрим, Милијан Деспотовиќ, Жаклина Ивановска, Олга Лалиќ-Кровицка, Филиз Мехметоглу, Сашо Огненовски, Борче Панов, Мерита Папаристо, Клаудија Пичино, Тамара Проески и Ивица Челиковиќ од Северна Македонија, Полска, Саудиска Арабија, Србија, Турција, Шведска, Албанија, САД и Италија.
Списанието со веќе препознатлив концепт и дизајн, на корицата што ја изработи Весна Мундиѓевска-Велјановска ја има уметничката слика со наслов „Богињи“ од познатиот уметник Ниче Василев. Во овој случај се слават два значајни јубилеја: Македонското научно друштво-Битола одбележува 10 години постоење на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, а Ниче Василев бележи јубилеј од 50 години активно творештво.
Во седумте рубрики на „Современи дијалози“ бр. 11 (Поезија, Проза, Литература за деца и млади, Интервју, Согледби, Преводи/ препеви и Паралели) застапени се вкупно 83 книжевници (подредени по азбучен редослед) и 7 ликовни уметници (3 се наши познати уметници: Ниче Василев, Бурхан Ахмети и Нела Петровска, а 4 се од Азербејџан (Шахназ Агајева), Белгија (Артан Балај), Турција (Лутфу Капланоглу) и Косово (Дритон Хајредини)). Така, објавени се 36 македонски автори и 47 автор од 26 земји во светот и тоа: Мексико, Шведска, Канада, Саудиска Арабија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кина, САД, Србија, Бугарија, Словенија, Полска, Италија, Шпанија, Турција, Германија, Албанија, Холандија, Колумбија, Индија, Непал, Коста Рика, Пакистан, Бангладеш, Велика Британија и Белгија.
Во „Современи дијалози“ бр. 11, читателите ќе имаат можност да уживаат во а) поезијата на: Садије Алити, Томе Велков, Митко Гогов, Васил Дрвошанов, Никола Илијовски, Кире Неделковски, Олга Панкина, Борче Панов, Зоран Пејковски, Христо Петрески, Берзат Садики, Раде Силјан, Мирјана Стојановска, Гордана Стојаноска, Снежана Стојчевска и Марина Шокева; б) прозата на: Даниела Андоновска-Трајковска, Петре Димовски, Јована Матевска Атанасовска, Сашо Огненовски, Лилјана Пандева, Михајло Свидерски, Габриела Стојаноска-Станоеска и Ивица Челиковиќ; в) литературата за деца од Елизабета Јончиќ и Горјан Петревски, г) книжевната критика и согледбите на прашања од книжевноста од: Елизабета Баковска, Љубинка Донева, Златко Жоглев, Лидија Капушевска Дракулевска, Славчо Ковилоски, Ѓеке Маринај (САД), Весна Мундишевска-Велјановска, Кристина Николовска, Милица Радевска и Васил Тоциновски; д) интервјуто на Диме Ратајковски со Јусеф Комунјака (САД), ѓ) книжевниот препев со коментари и анализа на Зора Русомарова и поезијата и прозата на 47 поети од странство – сите преведени на македонски јазик.