2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во рамките на офф програмта на Филмскиот фестивал "Браќа Манаки", единствениот поп рок хор кај нас, „Битвокс“,  под раководство на Марина Коруновска, вечерва го имаше својот прв настап, кој наместо на Широк Сокак, поради временските услови се одржа пред влезот на Народниот театар во Битола. Публиката заедно со Битвокс пееше, но и играше и се забавуваше на познатите поп рок хитови „Carrie“, „Zombie“, „Круг“, „Ајде да летаме“, „Каде бегаш“, „Billie Jean“/„Smooth criminal“, „Aquarius“/„Let the sunshine“ .Дел од изведбите и атмосферата на концерот ви пренсуваме во видеото.

Во попладневните часови, заврши акцијата за остранување на гаражите  и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, соопштија од Општина Битола.

Изминатите денови општина Битола се соочи со временски неприлики од голем размер, кои предизвикаа поплавени улици и застој на вода на одредени локации. Нашите екипи, иако делуваат редовно на терен во однос на чистењето на одводните шахти, повеќегодишната запоставеност на постоечките ободни канали и неизграденоста на нови ободни канали, резултираат со нефункционалност на канализациониот систем и одводнувањето, велат од Нискоградба по бројните критики од граѓаните за попалвените улици, но и од независната советничка група Поинаку која е дел од владеачкото мнозинство, дека не презеле активноти да го превенираат овај проблем.

Во рамките на офф програмта на Филмскиот фестивал "Браќа Манаки", единствениот поп рок хор кај нас, Битвокс,  под раководтвсо на Марина Коруновска, ќе го има својот прв настап  во вторник на 23  август во 20:30ч. пред "Божиновски". Тоа е поводот да поразговараме со Коруновска за идејата за формирање на поп-рок хорот, за ентузијазмот меѓу хористите и за неверојатната енергија што ја има на пробите, за нивниот дебитанстски настап и репертоарот со кој ќе настапат

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани