2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.

„Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет“, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.

Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, пишува во соопштението на Општина Битола. 

 

Пишува: проф. д-р Александар Литовски

 

Екипите на ЈП "Стрежево" продолжуваат со засилени теренски активности, со што Ски- центарот "Нижеполе" престојната зима ќе добие нов, уште подобар лик, велат од јавното претпријатие.

 

Вчера и денеска (21/22.10.2022), полициски службеници од СВР Битола, ОВР Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар во координација со портпаролот на СВР Битола на подрачјето на Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар спроведоа превентивна активност во рамки на која на граѓаните им беше претставена улогата на полицаец - позорникар.
Полицаецот-позорникар или маалски полицаец, кој на подрачјето на кое е назначен треба да врши надзор, има улога да го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, да спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, да укажува потребна помош и врши набљудување на подрачјето со оценка на безбедносната состојба.

Интегрална изјава на советничката во Советот на Општина Битола, Мирјана Захариевска Ралевска:

Во моментот АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, еден блок во РЕК Осломеј, и хидроелектраните, кои се користат пред се за системски услуги. 

Денес во посета на СБМ-Битола беше генерацијата од петто одделение на ООУ„Св.Климент Охридски“-Битола со своите одделенски наставници Снежана Стојанова, Ана Здравкова, Сузана Дишковска, Елица Митревска и Александар Степановски.

Во периодот од 8 октомври до 3  ноември на повеќе локации во Битола, околината, како и Ресен и Скопје се снима ТВ серијата со работен наслов „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа Ланистар Медиа во соработка со македонската продуцентска куќа Сектор филм. Овој проект е финансиски подржан од каналот Дизни + на којшто ќе се емитува.

„Пратеникот“ е новата премиера на Интимен театар-Битола која во сабота со почеток од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Народниот театар од Битола како гостување и своевидна соработка меѓу двете театарски куќи.

Режисерката Софија Ристевска рече дека претставаста е иницирана од „Народен пратеник“ на Нушиќ, но само како основна каписла, зашто како што наведе „знаете дека не работам со автори ни живи, ни мртви во оригинал, па ги преработуваме текстовите“.

„Состевена е од два дела. Првиот целосно авторски е на нашиот тим и зборува за општеството, личните проблеми, човекот, дехуманизацијата, истите теми што ме засегаат години наназад. Феминизмот, како се чувства жената во државата, како се чувствуваат маргинализираните луѓе, дали во ова општество имаме шанса да живееме, дали има еднакви права за сите? Во вториот дел една љубовна интимна, дури и социјална приказна за двајца луѓе што никако не можат да избегаат еден од друг затоа што се сакаат, а истовремено и општеството ги притиска“, рече Ристевска.

Во претставата настапуваат двајца актери, Валентин Дамчевски кој веќе пет години во континуитет е дел од сите претстави на Интимен театар и Катерина Аневска. Заедно со нив на сцена ќе биде и кореографот и танчер Борис Богдановски , кој долго време работи во театарската школа за деца при Интимен театар.

„Се работеше напорно, но беше фасцинантно. Мојот лик во претсвата е третиот во нивната врска. Нивните мисли ги пренасочувам во движење и експресија на телото“, рече Богдановски.

Актерот Дамчевски, пак истакна дека „Пратеникот“ за него беше огромен предизвик зашто досега не работел толку експериментален процес со комплицирана естетика и тешки психофизички задачи кои намерно си ги задале.

Музиката во претставата е на композиторот Александар Талевски-Скачето, соработник на Интимен театар 10 години.

„Инспирацијата за музичкиот дел во најголем дел е од улогата на актерот, но и на оној внатрешен крик што го носиме во нас , она што не можеме да го искажеме и не сакаме. Се потрудивме музиката да ја извадиме од душа и крикот да го извадиме во претставата. Музиката е модерна или индустријал мјузик која магично влегува во цела претстава“, рече Талевски.

„Пратеникот“ трае 70 минути, камерна претстава е и ќе се одригра во Народен театар –Битола.

.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани