
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен заради постоење основано сомнение дека тој во период од 1 до 6 март годинава извршил 14 тешки кражби во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола.
В очи 8 Март, Денот на жената , Општина Битола и Националната мрежа против семејно насилство потпишаа меморандум за отворање Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека официјалните податоци покажуваат значително зголемен број на жртви од семејно насилство во Битола.
„Според податоците на Центарот за социјална работа во 2021 година значително е зголемен бројот на жртви од семејно насилство и имало 148 случаи, од кои 105 жени, 28 мажи и 15 деца. Во сите овие 148 потврдени случаи само на два им е пружена психо-социјална подршка во Центарот за социјална работа евидентирани како жртви на семејно насилство. Од таму неопходноста од отворањето на еден ваков центар. За целиот Пелагониски регион од Центрите за социјална работа Битола, Ресен, Кршево и Демир Хисар во перидот од јануари 2020 до јули 2021 година вкупно се пријавени и евидентирани 588 жртви на семејно насилство од кои 412 се жени, 164 мажи и 12 деца“, рече Коњановски.
Претседателката на Совет, Габриела Илиевска, посочи дека неопходно е да се обезбедат поголем број на капацитети за сместување на жртви од семејно насилство и други ресурси во Битола и Пелагонискиот регион.
„Мило ми е што меморандумот е потпишан на ден пред 8 Март зашто сметам дека 8 Март треба да се одбележи со борба за поголеми права и секоја жена треба да учествува во истата. Секој ден да создаваме услови и жените и децата да бидат заштитени од било каков вид на насилство“, рече Илиевска.
Советодавниот центар ќе биде наменет за сите општини од Пелагонискиот плански регион.
„Ќе има тим од социјален работник, правничка, психотерапевтка и кариерна советничка. Социјалната работничка ќе ја прими жената, ќе направи проценка на ризикот од повторување на насилството, проценка на сите околности, индивидуалните потреби на жената и децата и ќе направи план за идните чекори. Правничката ќе ја придружува жртвата до инстутуциите доколку треба да пријави насилство. Психолошка поддршка е за надминување на траумите и ќе биде континуирана и долготрајна. Кариерното советување за да им се помогне на жените да бидат економски независни“, рече Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство.
На крај Коњановски вети дека центарот ќе се отвори што поскоро за што се издвоени и пари од буџетот на Општината за 2022 година.
„Упатувам честитка со ветување дека одбележувањето на овој празник треба да биде со конретни чекори и борба за еднакви можности на мажите и жените, секојдневно градење на поволно опкружување за женските права и решавање на непосредните проблеми со кои се сочуваат жените во зедницата“, рече градоначалникот.
На настанот присуствуваа градоначалници од соседните општини, претставници на невладини организации, политичарки и други жени докажани во општествното живеење во Битола.
Регионално географско друштво „Геосфера“ од Битола, во рамките на проектот „И на БАИРОТ се МОЖЕ“ во 2021 година спорведе бројни проекти кои го подобрија квалитетот на живот во ромската населба.
Меѓу позначајните беше тоа што исчистија една од најголемите диви депонии во населбата Баир во Битола, со над 100 метри кубни отпадоци. На местото на депонијата оформија детски парк со клупи, маси, детски реквизити и секое дете од Баирот посади свое дрво, со што, формираа нов зелен појас.
Понатаму, ангажираа млади лица од ромска националност за одржување на хигиената во населбата Горен Баир. Им донираа 35 канти за отпадоци од 120 литри на домаќинствата во Горен Баир. Месечно ги снабдуваа домаќинствата со вреќи за отпадоци од 120 литри. Од „Геосфера“ велат дека вовеле еколошки навики кај населението за соодветно депонирање на отпадот.
„Изработивме и демографска и комунална анализа на населбата и ги мапиравме проблемите на населнието преку интерактивни карти. Реализиравме седум работилници со децата и жените од населбата, за реупотреба на отпадна пластика и текстил. Ја подигнавме свеста кај институциите и граѓаните на Битола за супстандардните услови за живот во населбата Баир преку бројни постови на социјалните мрежи и изработка на две видеа“, велат од „Геосфера“.
Видеата можат да се погледаат на следните линкови:
„Останува на Општина Битола и на ромското население од населбата Баир, да најдат сили да го сочуваат направеното, за подобар живот на сите“, додаваат од Здружението.
Реализираните активности се финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.
На ден 05/06.03.2022 год. во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан.