2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Реконструкцијата на мостот кај Безистенот е во завршна фаза и најверојатно ќе биде готов во првите денови на јуни, рече градоначалникот Тони Коњановски. Тој додаде реконструкцијата не можеше да заврши побрзо зашто мораа да бидат запазени сите потребни мерки и да се извади целата документација.  

„Мостот е во завршна фаза, поставена е бетонската конструкција, која тревба да одлежи. Сметам дека првите денови на јуни ќе биде готов. Неопходна е оваа фаза на одлежување и добивање на јачина на бетонот. Следи само тестирањето кое ќе биде во еден ден, асфалтирањето на површината и ќе биде спремно. Граѓаните мора да имаат разборањее зашто мораа да бидат запзени сите правни мерки, се соочивме со триесетина документи и дозволи кои требаа за да се направи реконструкцијата, не можеше ништо побрзо од ова“, рече Коњановски.

Мостот е затворен за сообраќај од ноември минатата година бидејќи имаше сериозно оштетување на носачите.  

  

Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсењера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:

ОГЛАС

За издавање под закуп на една гарсоњера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/60

  1. Здружението на пензионери - Битола располага со слободен стан (гарсењера) во зградата на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/60
  2. За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
  • Кон Молбата се приложуваат следните документи
  • Талонче од последна исплатена пензија
  • Уверение за матерјална состојба
  • Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
  • Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
  1. Огласот ќе биде објавен во дневниот весник „Вечер“ ,„Коха“,„Битолски весник“, „Апла“ и ТВ „Тера“
  2. Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268 од 18.05.2022 до 25.05.2022 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани