2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Почна реконструкцијата за фасадата на ОУ „Коле Канински“ - Битола. Градежните работи се изведуваат од вчера, со што ова основно училиште ќе добие сосема нов лик. Фасадата ќе биде енергетски-ефикасна, со што ќе се заштедат средства за затоплување на училишните простории.

1uciliste 15 3 2022
- Инвестицијата ќе чини 130.000 евра, обезбедени средства од повикот за капитални инвестиции во образованието и училиштата, од Министерството за образование и наука. Ова е прва реконструкција на фасадата на училиштето уште од неговата изградба во 1963 година - вели Зоран Мирчевски, директор на училиштето.

3uciliste 15 3 2022

- Дополнително на овој проект, во наредниот период надворешното ракометно игралиште ќе добие гумирана подлога, а просторот ќе биде ограден со што ќе се добие поголема безбедност на учениците - информира за „Апла“ заменик-директорката Лидија Недановска.

Се очекува проектот да заврши со почетокот на новата учебна година, а од училиштето апелираат во меѓувреме учениците да внимаваат на градежните активности.

uciliste 15 3 2022


5uciliste 15 3 2022

4uciliste 15 3 2022

13.03.2022

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С) 
-16 Маврови Анови, -13 Берово, -12 Попова Шапка, -11 Kрушево, Крива Паланка, -10 Претор, -9 Скопје-Петровец, Прилеп, Битола, -8 Охрид, Тетово, Куманово, Штип, Демир Капија, Струмица, -7 Виница, -6 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -4 Дојран. 
 
 
 ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачбост, а од понеделник ќе има пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица.
 

Пишува: Александар Литовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани