
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вкупно 41 вработено лице од фабриката „Кромбер и Шуберт“ Битола, од четвртокот до денес добиле симптоми на труење со храна. Од првата менза, од четвртокот до денес, 30 лица, поради што пред три дена таа била затворена, а денес уште 11 вработени со симптоми на труење од храна кои јаделе во втората менза која исто така е затворена, потврди Иринка Сотирова- Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„Во четвртокот ја добивме правта дојава дека вработени во фабриката ‘Кромберг и Шуберт' имаат симптоми на труење од храна. Тогаш излегоа на терн инспектори заедно со надлежни од Центарот за јавно здравје-Битола и притоа ја затворија едната од двете мензи. Од таму 30 луѓе кои конузмирале храна добиле симптоми на труење“, рече Сотирова- Бухова.
Во текот на денешниот ден добиле известување од Центар за јавно здравје од Битола дека има 11 вработени од истата фабрика со симптоми на труење кои конзумирале храна во втората менза.
„И таа менза е затворена. Не би знаеле колку лица ќе бидат оти на дневна основа околу 5000 оброци се делат во фабриката од двете мензи. Земени се мостри од храна, од работни површини брисеви од раце, нос и грло од вработените за да се види дали е бактерија во храната, на работните површини или носител од вработените. Во понеделник треба да бидат готови првичните резултати од мострите и бирсевите од првата менза“, вели Сотирова Бухова.
Досега нема хосипитализации, само дел од вработените добиле лекарска помош во дневна болница.
Вработените од двете мензи јаделе иста сала, но сепак се испитува дали станува збор за труење со храна.
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ наместо во втората половина на септември, како што беше случај во изминатите години, ќе се одржи на крајот на месец август и тоа во рамките на „Бит фест“. Филмскиот фестивал ќе се одржи од 20 до 27 август во Центарот за култура и Офицерскиот дом во Битола.
„Тоа беше концепциска одлука и на фестивалот да биде порисутен и со поголема јавност имајќи предвид дека во летниот период градот живее подинамично , па се очекуав да има и поголема посететност. Настани на фестивалот ќе има и отворњени сцени, па ќе има повеќе гости“, изјави градоначалникот Тони Коњановски.
Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе добие повеќе средства од Општината во споредба со претходните години, а ќе биде финансиран и од Министерството за култура.
Со одлука на стручна комисија наградата „Книжевен круг за проза“ се доделува за ракописот „Три во тринаесет“ од Јована Матевска Атанасова, наградата „Книжевен круг за поезија “ се доделува за „Премолчено пладне“ од Никола Илијовски, а ракописот „Книжевно-критички читања“ од Даниела Андоновска Трајковска ја добива наградата „Книжевен круг за критика“. Наградата за книга напишана на македонски јазик од странски автор се доделува на ракописот „Денот кога го изедовме Бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска.
Пробиена e левата тунелска цевка на тунелот Фариш, што е не така едноставен зафат на втората делница од експресниот пат Градско – Прилеп, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот Благојче Трпевски присуствуваа на пробивањето на левата тунелска цевка на тунелот во Фаришката клисура, кој се наоѓа на втората делница Дреново – Фариш на новиот експресен пат кон Прилеп.
Порибувањето се реализираше со неколку илјади единки од видот крап со просечна маса од 50-800 грама согласно Риболовната основа, договорот за концесија и одобрениот Годишен план за 2022 година. Локација на порибувањето беше во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.


Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница расправаше за активностостите што се одвиваа во изминатиот период. Донесена е одлука во село Породин, кое припаѓа на месниот огранокот на пензионери на Бистрица, да биде отворен куб за пензионерите во простор кој го отспапува без надоместок жител на село Породин.
Во рамките на своите хуманитарни акции Здружението нма пензионери им додели средства на Лигата за борба против рак кои ќе бидат искористени за автобуски превоз за еднодневна екскурзија. Финансиска подршка беше доделе на пензионерка за подмирување на на дел од средствата за издавање книга ,, Збирка на поезија“. При тоа, стана збор во догледно време да се одржи поетска вечер на која ќе настапат пензионери литературни творци, а со тоа да се поттикни творечката дејност на пензионерите.
Се донесе и одлука Здружението на пензонери да ја исплати разликата во цената за огревните дрва, која настана од енормното зголемување на нафтата и нафтените деривати , како и другите трошоци за утовар- растовар на дрвата . Се со цел да им се помогни на пензионерите испораката на дрва да се врши континуирано и навремено, согласно договорениот рок до крајот на септември огревното дрво да стигни на нивна адреса .
На седницата претседателката Даница Петличкова информираше дека во , Одлуката (Сл. Весник на РМ 134 13.06.2022 ) за времено определување на задршката за солидарен фонд –посмртна помош.чланарина и висината на исплатата на посмртната помош се менува и гласи:
Висината на посмртната помош што се исплатува на членовите на семејствата на починат пензионер изнесува 30.000 денари, почнувајќи од исплатата на јулската пензија , за сите пристигнати барања за исплата на посмртна помош до денот на влегување во сила на оваа одлука.
На примателите на посмртна помош на кои им е исплатена посмртна помош од 25.000 денари, почнувајки од исплатата на јулската пензија ќе им се доплати разликата од 5.000 денари, според редоследот на поднесено барање и во зависност од расположивите средста, најмалку на 1000 приматели месечно.
Доплатата на разликата од став 1 на овој член Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ќе го врши по службена должност.




