
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ
Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ
Од ски центарот во "Нижеполе" ги повикуваат граѓаните да не тргнуваат кон ски терените, додека од таму не објават нова информација за проодност на патот, кој во моментот се расчистува од снегот кој се уште врне. Во продолжение известувањето од Ски центарот "Нижеполе"
На 27 февруари 1999 година во Битола почина Лазо Хаџи Поповски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, учесник во Антифашистичката војна, чевларски работник.
Со цел спроведување на брзо и соодветно решение на долгогодишниот проблем поврзан со бездомните животни, активно се работи на оваа проблематика, соопштија од Општина Битола. Во таа насока беше и денешниот состанок кој го одржаа градоначалникот, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска со претставници на ЈП „Лајка“ од Град Скопје, јавно претпријатие со дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Работата на прифатилиштето во ова претпријатие се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици.
На средбата присуствуваше и експертот од Англија, Брајан Фолкнер, претставник на RSTCA (Кралското здружение за спречување на суровост врз животните), кој даде предлог решенија за надминување на проблемот во Битола, посебно во поглед на условите кои треба да бидат исполнети за згрижување на животните. Исто така, беа разгледани и предлог локациите на кои може да се врши соодветен третман и згрижување на животните.
Состанокот продолжи во салата на Советот на Општина Битола, каде присуствуваа претставници на ЈП „Комуналец“, како и претставници на битолските здруженија за заштита на животните.
Согласно донесените заклучоци на денешните состаноци, ќе бидат спроведени и следните постапки за решавање на проблемот со бездомните животни низ градот.