
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сепсата 13 септември, Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничка болница Битола оваа година по првпат во Македонија се вклучува во светското одбележување на овој ден и по тој повод организира стручен состанок под овогодинешното мото "Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет".
Стручниот состанок ќе се одржи на 13 септември во вторник со почеток во 12 часот на Високата медицинска школа во Битола.
На 09/10.09.2022 во времето од 22-02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.
На 07.09.2022 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на 06.09.2022 околу 21.00 часот и на 07.09.2022 во двор на основно училиште во Битола двајца малолетници биле физички нападнати од неколку нивни соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
