2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

По три неполни години од  првата,  оваа година ќе се одржи втора ретро журка ОРФЕЈ Битола, како потсетување на незаборавните години кога  Младинскиот клуб Орфеј беше симболот на младоста,  дружбите и  незаборавните журки на три генерации.

На 16.06.2022 во времето од 14 - 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 131 возачи. 42санкции се изречени на територија на Битола, 38 санкции на територија на Прилеп,  39 на  територијата на Ресен,  , 7 во Македонски Брод и 5 Крушево. 

Со полагање цвеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски- Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати го одбележаа 16-ти јуни, Денот на македонската адвокатура.

Се навршуваат 77 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија.

„По тој повод традиционално како и секоја година, се поклонуваме пред спомен бистите на познатите правници и борци од Народно ослободителната борба, Никола Тодоровски – Коле Канински и Јосиф Христовски – Звончаро, кој својот живот го дале за слободна и независна Македонија. Спомен бистите се поклон од Адвокатската комора на Македонија подарени на градот Битола во 1980 година. По овој значаен повод исто така го посетуваме вечното почивалиште на д-р Павел Шатев, кое е на градските гробишта во Св.Недела, на кое исто така положуваме цвеќе во знак на благодарност и почит кон неговото дело“, рече адвокатот Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница во Битола.

viber image 2022 06 16 14 03 44 646

Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ. Адвокатската заедница Битола активно преку свои претставници учествува во органите и телата на Адвокатската комора и преку истите се залага за подобрување на адвокатурата како професија во нашата држава како и преку предлагање на квалитетни законски измени и решенија за добивање на поголема правна сигурност и заштита на граѓаните на Македонија.

viber image 2022 06 16 14 03 58 331

Исто така посебно е значајно да се истакне дека Адвокатската заедница во Битола е активна и на меѓународен план, односно активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац, Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од Битола.

„Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани адвокати од Битола, така да и до денес тој тренд продолжува. Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава”, истана Рутевски.

viber image 2022 06 16 14 03 44 519

(ПРЕЗЕМЕНО ОД ПРАВДИКО.МК) 

Заедно ќе успееме да ја пребродиме најголемата економска и енергетска криза бидејќи СДСМ е државотворна и одговорна партија, порача претседателот на битолскиот огранок на СДСМ во Битола, Драган Крајовски на денешната трибина посветена на енергетиката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани