
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.
По пауза од 2 гoдини поради пандемијата со Ковид-19, викендов во организација на ПСК Пелистер, се одржа 33-от традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски - Мурато 2022“.
Маршот е во чест на нашиот битолчанец Димитар Илиевски Мурато, прв Македнец кој го освои највисокиот врв на светот - Монт Еверест. Се искачи на 10 мај 1989, но не се врати во базниот логор.
Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто.
Сандра Туфеска е 21 годишна девојка од Демир Хисар која ги користи своите вештини за да создава дела кои се реалистични и наликуваат на фотографии. Повеќе е самоука уметница која е љубител на уметничките правци реализам, фотореализам и хиперреализам. Во оваа прилика ви претставуваме уметничко дело на Сандра, изработено со акрилни бои на платно, кое е нацртано според дело на еден фотореалистичен уметник.
ЈП Водовод ги известува граѓаните дена на ден 10.05.2022г. (вторник), поради поправка на овален затворач Ф -150 мм во населба Карпош, можен е прекин во водоснабдувањето на ул. Никола Русински и зградите : (1,5,6,7,8,910,11 и 12) од 9 часот до завршување со санацијата на дефектот.
