
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Битолската полиција по преземени мерки и активности го откри сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола. Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.
За вршител на должноста директор на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола, именувана е Марија Зарова Силјановска, дипломиран инженер архитект со долгогодишно искуство, која доаѓа на местото на Љубо Атанасовски.
За в.д директор на ОУ Даме Груев, назначена е Биљана Дамчевска Бакиевска, дипломиран учител вработена во училиштето. Дамчевска Бакиевска, доаѓа на местото на досегашниот директор Роза Јовановска.