
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да се обнови традицијата и наместо електронски, да испратиме на нашите најблиски новогодишна честитка по пошта, повикуваат од Македонска пошта
Во изминатиот период се воспостави солидна соработка помеѓу ОМД Обединета Македонска Дијаспора и Противпожарното друштво „Архангел“ од Битола. Донирана беше опрема која ги зајакна капацитетите на ДПД „Архангел“ со која пожарникарите од Битола ќе работат во служба на граѓаните на Македонија во интервенции за гасење на шумските пожари како и за превентивно делување.
„Сведоци сме на страшните пожари низ Македонија во летните периоди во текот на изминатите години, и сведоци сме на недостигот од оперма за пожарникарите да можат поуспешно да се изборат со огнените стихии. Оваа донација ќе направи голема промена кон поголема сигурност, заштита и превенција во пресрет на пожарите во Битолскиот Регион и на територија на цела Македонија. Донирани беа дрон и техничка опрема за раководење со дронот, лаптоп, моторни пили, телескопска моторна пила, дувалки, високопритисна пумпа за вода, специјални обувки и специјални маски кои до сега не беа на располагање. Ова е навистина значајна донација и сакаме да ја искажеме нашата огромната благодарност до г-динот Мето Колоски, претседател на ОМД, кој срдечно и искрено ја реализираше оваа донација со цел да помогне на Македонија преку поддршка на нашата организација, истакна Роберто Илиевски, претседател од ДПД Архангел Битола.
„Од 2004 година, ОМД е водечкиот мост помеѓу татковината и дијаспората, и партнер на општеството во Македонија. Скоро секоја година ОМД зазема хуманитарни активности во Македонија, но оваа година особено поради пожарите. Мето Колоски им се заблагодари на сите членови и донатори на ОМД, оти без нив, и партнерите во Австралија, организација Буц фор Балканс, оваа донација немаше да се реализира. Посебна благодарност во името на ОМД до сите членови на ДПД Архангел Битола за нивната посветеност, енергија, труд, и силна работа борејќи се против пожарите кои ја зафатија Македонија минатово лето“, изјави Мето Колоски.
Процесот на донација беше помогнат преку партнерот на ДПД Архангел и ОМД, Маја Сталеска, која ја водеше активноста, како и огромната подршка од Директорката на ПримеПоинт Партнери, Билјана Марковиќ Стаменова.
Започна асфалтирањето на првата делница од улицата „Солунска“. На оваа улица, завршена е и промената на канализационата линија со изведени приклучоци во должина од 240 метри.
Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, основано далечната 1948 година, каде низ годините многу генерации се образуваа и воспитуваа, денес го прослави 73 патрон празник.
Од училиштето соопштија дека по повод патронот се реализираа многу активности, но сите со почитување и запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Активностите за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во училиштето. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученици од прво до деветто одделение.
Дел од тие активности беше и промоцијата на Еразмус проектот ,,Game on,,.Детскиот парламент, пак, кој реализирашеработилница на тема: ,,Различни форми на слободата“ во кој учествуваа сегашни, но и некогашни ученици од ОУ ,,Даме Груев,, а денес истакнати општествени личности.
Се организираше ликовен и литературен конкурс. Литературните творби беа поместени на страниците на училишниот весник, кој како и ликовната изложба е во електронска форма. Учениците од 4 б учествуваа во ,,Новогодишна уметничка работилница за деца“ како дел од ,,Зимска приказна,, на Општина Битола и во реализација на Владо Ѓоревски Рафик.
На денешниот ден по повод празникот се организираше и кратка приредба каде учество зедоа ученици кои реализираа историски час посветен на Дамјан Груев. Приредбата ја збогатија соло настапите на повеќе ученици со музички точки, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од ликовниот конкурс.
Во Битола има активни 384 случаи со ковид -19, со ова по подолго време бројот на заразени падна под 400. До пред помалку од еден месец имаше над шестотини болни со ковид-19. Градот со недели беше на второ место во државата по инфицирани, веднаш по Скопје, а според последните бројки на дневна основа, вечера пред нас беа Прилеп и Кавадраци.