
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реконструкцијата на мостот кај Безистенот е во завршна фаза и најверојатно ќе биде готов во првите денови на јуни, рече градоначалникот Тони Коњановски. Тој додаде реконструкцијата не можеше да заврши побрзо зашто мораа да бидат запазени сите потребни мерки и да се извади целата документација.
„Мостот е во завршна фаза, поставена е бетонската конструкција, која тревба да одлежи. Сметам дека првите денови на јуни ќе биде готов. Неопходна е оваа фаза на одлежување и добивање на јачина на бетонот. Следи само тестирањето кое ќе биде во еден ден, асфалтирањето на површината и ќе биде спремно. Граѓаните мора да имаат разборањее зашто мораа да бидат запзени сите правни мерки, се соочивме со триесетина документи и дозволи кои требаа за да се направи реконструкцијата, не можеше ништо побрзо од ова“, рече Коњановски.
Мостот е затворен за сообраќај од ноември минатата година бидејќи имаше сериозно оштетување на носачите.
Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсењера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:
За издавање под закуп на една гарсоњера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/60
Интегрален текст од изјава на Андреј Лозановски, член на ИО на СДСМ Битола
Како дел од проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција“, имплементиран од Центарот за европски стратегии „Евротинк“, финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија од Соединетите Американски Држави, денес во општина Битола се одржа јавна дискусија, на која беа презентирани клучни наоди од проектот за институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики насочени кон подобрување на полицискиот интегритет, вклучително и студии кои обезбедуваат практични препораки и патоказ кон потранспарентно, отчетно и инклузивно работење. Општина Битола, беше претставена како позитивен пример на општина во која е формиран локален совет за превенција, како и општина која брзо и навремено постапува по однос на барањата за пристап до информации од јавен карактер, што е особено важно во спроведувањето на препораките кои произлегуваат од направените анализи.
