2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ повод 8. Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник.

„Свети Климент останува светол лик од историјата на просветата и духовната преродба како основач на Охридската школа, која се смета за прв балкански и европски универзитет, низ којашто минале околу 3.500 ученици. Повикани сме да му ја оддадеме должната почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно – просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и покажа како со посветеност се станува и просветител и духовник“, пишува во честитката.

Режисерката Софија Ристевска која досега работеше во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ премина во Народниот театар Битола на истата работна позиција како режисер. Ристевска живее во Битола, а нејзините театарски проекти во Велес и Интимен театар –Битола постигнаа успеси во територијата на цела држава, па на нејзиното доаѓање во НТБ се гледа како на вистински потег кој ќе ја збогати театарската екипа со вистински професионалец.

„Велешки Театар за мене беше и ќе остане еден од најпозитивните, најбезбедните и најстимулативните простори кадешто сум создавала театар! Мојата љубов е огромна кон целата уметничко - административна и техничка екипа што работи во овај театар. Во Велешки секогаш, ама секогаш се чувствував добредојдено, за коешто им благодарам на колегите од се срце! Од денес битолскиот Народен театар ќе биде моја матична куќа, за што бескрајно се радувам и се надевам на долга и плодна соработка со целокупната негова екипа“, истакна Ристевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани