2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Секторот за внатрешни работи Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.А(33),Ф.Е(40),Д.К(19) и Џ.А(30) сите од Прилеп, осомничени дека сториле серија од кривични дела– Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик.

Имено, пријавените од декември 2021 година до март 2022 извршиле 32 тешки кражби во куќи ,цркви, колонијални продавници, трафостаници на подрачјето на Прилеп и селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци,Лопатица, Вранче,Заполжани и Стровија, при што насилно ги отварале со подесен алат и одземале разни бакарни предмети, покуќнина, рачен алат, кабли, гуми,електрични апарати , пари...

На подрачјето на Битола во период од 2021 до март 2022 година тројца од осомничените С.А(33), Ф.Е(40), Д.К(19) извршиле 62 тешки кражби во куќи во руралните средини ,како селата Новаци, Агларци, Ношпал, Добрушево, Вашарејца, Мусинци, Путурус, Мојно, Рибарци, Ротино, Кажани, Црнеец, Ѓавато, Горно Српци, Црнобуки, Логоварди, Беранци, при што одземале разни алати,апарати,гуми и покуќнина.

Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал Битола преземени се повеќе опетаривно тактички мерки, при што пронајдени се и одземени дел од предметите, додека се преземаат дејствија за пронаоѓање и на останатите предмети. Притоа осомничените се лишени од слобода , истите ги признале извршените кражби и од судија на претходна постапка од Основниот суд одредена им е мерка притвор.

Дополнително се преземаат мерки и активности со цел обезбедување на нови докази и сознанија во насока на проширување на кривичната пријава и откривање на нови дела и сторители.

      

Засега нема угунување на пеликани од македонска страна во Преспа, вели  градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски.

„Ренџерската служба секојдневно врши обиколка и на копно и на вода и до сега нема забележано ни еден угинат пеликан на македонска страна од Преспа. Воедно немаме ни такви дојави од граѓани кои живат во Преспа. Но, ситуацијата ја следиме и обиколките ќе продолжат. Пеликани се угинати на малото Преспанско Езеро во Грција од 3000 изброени единки, 400 угинале“, изјави Тозиевски.

Македонското еколошко друштво вчера објави информација дека од грчка страна пронајдени се повеќе од 500 мртви пеликани. Угинувањето било предизвикано од птичји груп.  

Малото Преспанско Езеро ја има најголемата гнездечка колонија на кадроглави пеликани и заедно со големото Преспанско Езеро претставува еко-систем кој поддржува скоро 10% од светската популација на оваа глобално загрозена птица.

По повод 11ти март, денот кога Евреите од Македонија беа депортирани во логорите на смртта, Архивот од Битола пренесува дел од судбината на фамилијата Пардо.

Пардо Јуда Јаков по професија манифактурист бил роден 1878 година во Битола и живеел со семејството на тогашната улица “Алимпиќа”бр.12 денешна Виенска. Негова жена била Сол родена 1882 година и имале ќерка Рахела која била родена во 1922 година. Други членови на фамилијата Пардо биле Леон, Есперанса, Давид, Сол, Естерина, Сузана. Пред кобниот 11 март дел успеале да се спасат со лажни албански лични карти и пребегнале во Албанија. Иако првично биле затворени поради фалсификувани документи во Струга по реакција на Министерството од Албанија беа интернирани во градчето Каваја каде живееле под полициски надзор до ослободувањето по што се преселиле во Сантијаго де Чиле. Тоа биле Леон, Есперанса и Сол. Останатите биле одведени во логорите на смртта од каде што ниту еден не се вратил жив.
пасош

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани