
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успешно се реализира волонтерска акција за чистење на зеленилото од отпадоци околу базенот во село Дихово, позната рекреативна и излетничка зона на битолчани. Акцијата беше повеќе од неопходна со оглед на количината на расфрлан отпад таму. Во акцијата се вклучија околу 80 граѓани од Битола, претежно млади лица, средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“, граѓански активисти, претставници на локални компании и локалното население од с. Дихово. Резултатот е собрани 65 вреќи со ѓубре кои што во соработка со ЈП Комуналец од Битола веднаш беа отстранети од локацијата и транспортирани.
Волонтерската акција е дел од проектот „Зелен фото глас“ што се реализира од страна на Младинскиот културен центар – Битола во соработка со 15 средношколци од СОМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, сите членови на неформалната група „Мети си со класнето“ под раководство на професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска.
„Зелен фото глас“ е иницијатива насочена кон креирање на одржлива локална платформа за мобилизирање на заедницата за чистење на градот од малите диви депонии, за што се потребни заеднички, синхронизирани акции од страна на граѓаните и надлежните институции.
Особен акцент се става на средношколците со кои работиме на еко активизмот и вклучувањето во еколошки кампањи, но целта е и да се поттикне волонтерскиот дух кај граѓаните со цел ваквите акции да станат многу попорисутни во нашето секојдневие.
„Зелен фото глас“ се реализира со поддршка на Институтот за комуникацииски студии, преку ЕУ фондови.
Градоначалникот Кузманоски беше домаќин на делегација од Сакарија, Р.Турција предводена од Г-дин Ахмет Копрулуоглу , сопственик на компанија за производство на гума и пластика стационирана во Сакарија, регион Мармара.
Во техничкиот двор на ЈП „Комуналец“ пристигнаа двете возила за машинско метење на јавни прометни површини, на електричен погон.
Државниот архив и одделението-Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска Камера "Браќа Манаки", организираат изложба што ќе биде дел од официјалната програма на 42-то издание на овој фестивал. Изложбата насловена Mementos/Спомени, ќе биде поставена во НУ Завод и во Музејот на Битола, од 17 до 24 септември 2021 година, во согласнот со утврдените здравствено-безбедносни владини мерки и протоколи. Изложбата ќе содржи дел од богатиот архивски фонд на браќата Манаки, што се наоѓа во Државен архив - одделение Битола, а во кој се вбројуваат нивни приватни документи, материјали, предмети и фотографии. На отворањето на изложбата се очекува да зборува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.