2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Со музичкото шоу „Имат-немат“ вечерва , 21 јули, со почеток од 21 часот во дворот на Општина Новаци започнува Културното-забавно лето Новаци 2021. Од Општина Новаци и  Студио „Пикси“ соопштија дека културното лето ќе трае безмалку еден месец, поточно до 17 август но ќе изобилува со музички настани, пред се настапи на познати музички имиња од земјава, како и на играорни групи. 

Сите 6 културни настани согласно програмата на организаторот ќе се одржат согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19 согласно надлежните институции за организирање на ваков вид на манифестации. Од Општината им порачуваат на своите жители во летниот период што претстои  да уживајте во богатата програма што ја нуди Културното-забавно Лето Новаци 2021.

 

Денеска во ПЗУ Д-р Даскал во Новаци започна теренската вакцинација на населението против Ковид-19. На почетокот на вакцинацијата присуствуваше и градоначалникот Љубе Кузманоски.

„Апелирам до граѓаните на Општина Новаци масовно да се вакцинираат затоа што само така може да ја победиме пандемијата.” - истакна Кузманоски.
 
Досега во село Новаци се вакцинирани 110 граѓани.
 
Во продолжение распоредот за вакцинација во населените места во Општина Новаци:
21.07.2021 година
с. Новаци, с.Мегленци, с. Арматуш, с. Грумази и с. Гнилеж од 08-10 часот (во здравствена амбуланта во Новаци)
с. Рибарци од 10 – 10:30 часот (во училиште)
с. Гнеотино од 10:30 – 11 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Брод од 11 – 11:30 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Бач, с. Добровени, с. Скочивир и с. Сливица од 11:30 – 12:30 часот (во училиштете во с. Бач)
с. Живојно од 12:30 – 13:30 часот (во училиште)
22.07.2021 година
с. Добромири од 08 – 09 часот (во училиште)
с. Долно Агларци од 09 – 09:30 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Горно Агларци од 09:30 – 10 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Далбеговци од 10 – 10:30 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Дедебалци, с. Путурус и с. Црничани од 10:30 – 11:30 часот (во училиштето во с. Дедебалци)
с. Добрушево и с. Алинци од 11:45 – 12:45 часот (во училиштето во с. Добрушево)
с. Мусинци и с. Мојно од 12:45 – 13:15 часот (во училиштето во с. Мусинци)
с. Ношпал од 13:15 – 14 часот (во училиште)
23.07.2021 година
с. Ореово и с. Паралово од 08 – 08:30 часот (во амбулантно возило на сред село во с. Ореово)
с. Маково и с. Орле од 09 – 09:30 часот (во амбулантата во с. Маково)
с. Рапеш, с. Брник од 09:30 – 10 часот (во амбулантно возило на сред село во с. Рапеш)
с. Зович од 10:30 – 11 часот (во амбулантно возило на сред село)
с. Старавина, с. Будимирци од 11:30 – 12 часот (во амбулантата во с. Старавина)
с. Градешница од 12 – 12:30 часот (во амбулантно возило на сред село)
 
 

Денес се навршуваат 79 години од смртта  на Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано, кои од бугарскиот фашистички окупатор биле осудени на смрт со бесење, а пресудите биле извршени на 21 јули 1942 година  во Скопскиот затвор

Кога шестиот ден, Господ Бог го создал човекот, тој го направил по обличјето свое, т.е. да личи на него. Го направил ист к`о него, ама (за чудо), човекот не мрдал, не дишел и изгледал како да е макета од глина. Тогаш Господ се сетил, и му дувнал во устата “Хуу,...” и човекот оживеал. Му ја пренел својата душа нему. Веројатно после тоа и Господ се израдувал на сработеното, па седмиот ден си го посветил себе си , за да се почине. Седмиот ден заминал на одмор....

Ете каде е мистеријата, ете каде е енигмата. Ете, каде се крие најголемата тајна во историјата на човештвото и творештвото. Тајна над тајните. Во човековата (ретка) особина, на околината да му дарува живот, да му даде душа, како Господ, нам: “Хуу,..” Длабоко во човековата душа, таму се крие необјаснивото, тоа што со зборови не можам да го раскажам. Оваа човекова особина е ретка појава и затоа луѓето “слични” на Бога, ја имаат најголемата обврска во едно општество – да градат, разубавуваат и да даруваат душа. Бидејќи ако не се искористи оваа особина, тоа претставува најужасниот грев пред Бога, освен, ако Ви е сеедно дали ќе го разочарате и изневерите НЕГО. Оти, ТОЈ не ја дава таа особина многу често, и не секому....

“Отворањето” на втората чакра   т.е. биолошкото размножување (сепак), не е највисокиот дострел во животот. Да се “дарува живот”, тоа значи да се биде ненаситен од убавина, тоа значи постојано да се трча по идеалот, тоа значи постојано да се лета кон сонцето. Знам, (еден ден) ќе Ви се испржат крилата, ама тоа е цената – “Кој сее љубов, ќе жнее солзи”. Сепак, и покрај се, неописиво е чувството на среќа кога после Вас ќе оставите нешто неповторливо, нешто за паметење, нешто со “душа”.

Конечно, да се дарува живот, значи да се зборува за нас и нашата духовна оставштина, тогаш и кога нас нема да не има на овој свет. Оти, само напишаното, насликаното или изграденото останува после нас, за на век. Но, не се само уметниците привилегирани да даруваат живот. Живот се дарува и со благонаклонетост, внимание, добронамерност или убав збор. Затоа воопшто не е сеедно дали имате харизма на ЧОВЕК, или харизма на полнета пиперка.

Мојот роден град Битола е токму таков град – град со душа. Многумина, мојот град го “оживеале”. Но, тоа не значи дека во мојот град не треба да се интервенира, дека с`е има и дека ништо не му недостига. Напротив, токму духот на овој град не обврзува и апелира на нас, да правиме убави работи, да градиме неповторливи нешта, да даруваме “душа”. Потребата да се интервенира во околината, (да се гради и разубавува) е стара колку и светот. Потребата да се гради и разубавува, е исконска дарба од небото. Со неа се раѓаме, живееме и заминуваме од овој свет.... Потребата да се гради и разубавува не е популизам, таа е исклучиво - елитизам !

Затоа никогаш не треба да го заборавиме последниот - судниот ден, кога ќе започне одјавната шпица на нашиот живот, со нашите животни остварувања. Тогаш, воопшто нема да Ви биде сеедно, (во таа одјавна шпица), дали ќе бидат испишани неколку прости реченици,.......... или неброени раскази и романи..... C`est La Viе !

Со почит,

Архитект - Зоран Николовски

 

Најпрво се слушна силна бучава, а потоа следеше ветер со огрмна брзина и вител кој носеше се со себе. Вака раскажуваат жителите од Битолското село Живојно кои деновиве за првпат се соочија со торнадо. Во дел од селото сликите се застрашувачки-разурнати објекти, однесени покриви, ламарини и ќерамиди насекаде, а штети има на земјодлеската механзиација и на автомобилите.

На 15-тото јубилејно издание на Локум фест-музика и традиција 2021 година, што се одржува во Битола од 22 до 24 јули, учествува и Државниот архив - одделение Битола. Имено, во рамките на овој фестивал Архивот ќе презентира изложба на фотографии за боемскиот живот во градот на конзулите од почетокот на 20-от век, а ќе биде претставен и познатиот ,,Грамофон на Манаки”, што го купил во Женева и кој бил произведен во фабриката ,,Нестле” во 1928 година, соопштија од Архивот. 

„Локум фест“ е фестивал кој започна пред декада и пол (2007) во старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречека комшијата, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултуикултурност, средба помеѓу културите. Всушност една од главните функции на Фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, fusion, world music) да се покаже сиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола. 

Во изминатите четиринаесет години на Локум фест настапиле преку седумдесет групи и ансамбли од како од  Македонија, така и од дваесетина земји од регионот, Европа и светот. На Локум фест настапиле изведувачи од : Египет, Индија, Кина, Норевешка, Данска , Шпанија, Јапонија, Шведска, Исланд, Унгарија, Полска, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Албанија, Турција, Бугарија, Бразил, итн. Ги препознаваме и паметиме настапите на : Љубојна, Баклава, Чалгија саунд систем, Тони Китановски и черкези, Кочани оркестар, Сваровски бенд, Јаков Дренковски, Виолета Томовска , Зоран Џорлев, Вања Лазарова и многу други. Локум фест е единствениот фестивал кој активно презентира сефардска музика како дел од култунот историското минато на Битола или Монастир.

Покрај музичкиот дел Фестивалот во соработка со ЗУР Македонски ракотоворби веќе петнаесета година се оддржува  „ Саем на ракотворби “  мотивирани од народната традиција, сегмент кој му дава колорит и дух на фестивалот. 

Кулурното наследство како потенцијален туристички мотив го потенцираме како низ промотивните материјали, но и преку изложбата „Раскажи ја својата приказна“, или изложба на семејни раритети  од конзулскиот период кои граѓаните ги имаат во своите домови. На тој начин го градиме активен однос кон  колективното културно наследство и партиципативноста на граѓаните . Посебен акцент оваа година ставивме на соработката со Државниот архив - одделение Битола, благодарејќи на која ќе имаме единствена можност да видиме еден особен раритет, популарно наречен„ Грамофонот на Манаки“ , кој ќе биде изложен заедно со автентични фотографии од боемскиот живот и чалгии од минатиот век.

Една од нашите цели е промоција на Битола и старата битолска чаршија како атрактивна туристичка дестинација токму преку манифестациониот  туризам и создавање на микро туристичка зона од старата битолска чаршија.

Оваа година на самиот Јубилеј,  програмата е богата и ексклузивна и го навестува идниот курс на фестивалот. Започнуваме со  Влатко Стефановски трио на Хераклеја (22.07), за да наредниот ден (23.07) Пацио-НУ Завод и Музеј , го имаме единственото дуо со Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на лбумот Apocalypticum. Третата вечер (24.07) е секако распослана на Широк сокак и старата битолска чаршија, насловена како „Распеана чаршија“.Започнува во срцето на старата битолска чаршија на истото место каде што овој фестивал и започна , пред „Малиот битолски Монмартр“ со „Приказни од чаршијата“ , и настап на легендарните КУД Илинден, како  и изложбата „ 40 години  Мал битолски Монмартр “ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и дополнителни соддржини.

Со  овој концепт имаме намера да ја раздвижиме старата битолска чаршија почнувајќи од Широк сокак - Магнолија, пешачката улица покрај реката Драгор , како и неколку локации во самата чаршија. Оваа трета вечер се подготвува детално во соработка со дуќанџите и Регионалната занаетчиска комора Битола и неформалната група „Стара битолска чаршија“. 

Целта е да заживее старата битолска чаршија преку анимација на  што поголем број посетители и учесници , како и партиципација на дуќанџиите. Секако дека при планирање на оваа вечер, како и предходните настани, прво што го имаме во предвид е високиот степен на почитување на правилникот за оддржување на културни манифестации во време на пандемија, нешто што успешно  го покажавме минатата година. 

Фестивалот е финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија и помогнат од Општина Битола.

Градоначалничката на Општина Битола упати честитка до припадниците од муслиманска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

„Почитувани,

Ви го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир во душите и меѓусебна почит.  Карактеристиката на овој празник, нека ја зголеми вербата во доброто кај луѓето и солидарноста, за подобра иднина на сите нас“, стои во честитката на Петровска.

Вртежите на облаци што се евидентирани деновиве во Битолско би можеле да бидат првите  торнада на македонско тло, вели  истакнатиот професор по географија Мите Ристов од Битола. Појавата на торнада на нашата територија до сега не била забележана, но можно е ова да се првите евидентирани формации за што постојат и фотографии и видеоматеријали.

 

Вчера, на социјалните мрежи од метео прогнозерот Славчо Попоски беше објавено видео со појава слична на торнадо, силна бура карактеристична по свртувањата на облакот во облик на цилиндар, како се издига над пелагониското село Живојно.село Живојно Битолско скрин шот од видеото на метео прогнозерот Славчо Попоски

Но, и осум дена претходно, поточно на 11 јули, битолчанец кој е голем вљубеник во планината, од врвот на Пелистер сними фотографија на која се гледа вртеж во вид на торнадо. Тоа е најверојатно и првата фотографија снимена на наше тло од ваква силна бура.

 

„Појавата на торнадо во Македонија не е забележана досега, така што вчерашната формација на облаци во близина на село Живојно во Пелагонија би можело да биде првото формирано торнадо во државата, кое беше краткотрајно и неколку секунди после допирот со земјата ја изгуби силата. Вчерашните прилики во атмосферата придонесоа за неговото формирање. Циклонот кој се спушти од Централна Европа и го зафати Балканскиот Полуостров предизвика силен продор на студен воздух, кој со мешањето со топлиот воздух и високата влажност во атмосферата предизвика нестабилно време и кратка појава на торнадо“, вели професорот Мите Ристов, географ, претседател на Регионалното географско друштво „Геосфера“ и професор по географија во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола.

Ристов објаснува дека торнадото како ветер е најмногу карактеристичен за САД, особено во централниот дел на државата, во таканаречената Долина на торнадата, каде во просек годишно се јавуваат околу 1.300 торнада.

„Покрај САД, појавата на торнадо е карактеристична и за други делови во светот, меѓу нив и во Европа, каде годишно се јавуваат околу 700 торнада, но со далеку помала јачина во споредба со САД. Торнадото во Европа најчесто се случува во јужните и централните делови на континентот кога при поволни атмосферски прилики и судирање на студени и топли воздушни маси настанува брзо издигнување на топлиот воздух и формирање на вртеж“, вели Ристов.

Извор https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vrtezhi-slichni-na-tornada-se-pojavija-vo-dva-navrati-nad-pelagonija/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани