АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Искчаување до Големо Езеро на Пелистер денеска организираше Олимпус Монс во пресрет на настанот Први на први кој во изминатите години разбуди голем интерес кај планинарите од цела Македонија
-Во пресрет на ПрвиНаПрви, до крајот на оваа година, еден ден од викендот, Олимпус Монс ќе организираат планинарски акции на Пелистер. За истите, сите заинтересирани ќе бидат информирани преку нашата ФБ страна, соопштија од Олимпус Монс
Инаку планинарите од Олимпус Монс 12 години по ред ја организираат турата со симболично име „Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, со цел првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина.
Искачувањето, традиционално започнува неколку минути после полноќ, со што оваа е и првиот спортски настан во Новата Година.