2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заврши реставрацијата и конзервацијата на фасадата од Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век. Координаторот на проектот Зоран Алтипармаков, инженер архитект и виш конзерватор во Завод и музеј Битола, вели дека со ова е вратен стариот лик на џамијата како пред пет века.  При  зафатот бил користен оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.

Реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во Битола и партерното уредување на просторот се целосно запрени, откако при изведување на градежните активности, случајно се пронајдени нови делови од црквата Св. Ѓорѓи, која за првпат  е откриена под џамијата пред 15 години. Од Завод и музеј , велат дека пред да продолжат активностите потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и општина Битола.

Шадрванот пред Јени џамија се реставрира со старите камења и нов бело-сив мермер за водоскок. Шадрванот се наоѓа во напосредна близина на  џамијата чија реставрација е во завршна фаза. Останат е од отоманско време и без разлика што во последните години ја имаше изгубено функцијата на фонтана, односно од него не течеше вода, сепак е симбол на Битола.

Јени џамија, заштитен споменик од прва категорија, го покажа реставрираниот надворешен лик. Со реставрацијата на објектот му се врати надворешниот изглед што го имал при градбата  пред повеќе векови.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани