
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По санацијата на кровната конструкција на сите објекти од градинката „Коца Василева“, во тек се изведбени активности на фасадата, со што комплетно се затвора процесот на надворешната реконструкција на објектот, кој ги задоволува стандардите на енергетска ефикасност.
СОУ „Таки Даскало“ Битола со бројни активности го одбележа својот патрон празник 3 мај. Во рамките на активностите, училиштето издаде нов број на училишното списание “ГРСТ“, чии главни уредници се Весна Мундишевска-Велјановска, наставник од графичката струка и Марија Младеновска-Димитровска, психолог, кое е издадено во електронска и печатена верзија. Графичката струка го издаде и осмиот број на списанието “Графопрес“, што го подготвија ученици од графичката струка, а главен уредник е Весна Мундишевска-Велјановска, кое, исто така, е во печатено и електронско издание.
Промовирано е видео за училиштето за постоечките струки и занимања, изработено од Оливер Цветковски, во соработка со стручните активи, како и рекламни материјали, плакат и летоци, изработени од Миле Атанасоски, и двајцата наставници по графички стручни предмети.
Промовирани беа проектите за реконструкција на спортските сали и партерно уредување на училишниот двор и спортските терени, чија проектна документација ја изработија наставниците од градежно-геодетската струка, Петар Ѓоргиевски и Снежана Стојановска- Балјаревска.
Се одржа и онлајн настан по повод патрониот празник, на кој учениците од Литературниот клуб, под менторство на Николина Поповска, наставник по македонски јазик и литература, со свои литературни творби и поетско читање “Од срце за Таки Даскало“, како и со литературни творби и рефереат посветен на Таки Даскало, под менторство на Милица Радевска и Весна Јовановска, исто така, наставници по македонски јазик, му оддадоа почит на патронот. Се организира и онлајн изложба на која учениците од гимназиско образование и од текстилната струка, чии ментори беа Љубица Мешкова-Солак, Живка Ицановска и Билјана Исијанин, изработија свои ликовни творби во чест на патронот.
Во претходните две седмици се реализираа низа други активности како издавање и онлајн промоција на книгата “Tell me a story“, која ја подготвија учениците од билингвалните гимназиски паралелки, под менторство на Валентина Богојовска, наставник по англиски јазик, во соработка со Американското катче. Збирката раскази пишувани од учениците на англиски јазик, е публикувана во печатена и во електронска верзија.
Графичката струка при СОУ “Таки Даскало“ во соработка со писателите од “Битолскиот книжевен круг“, на иницијатива на Весна Мундишевска-Велјановска, обезбеди и донираше книги кои беа доставени во сите основни училишта од Битола и на Педагошкиот факултет - Битола, заедно со одбележувачи на книги изработени од учениците од графичката струка, под менторство на наставниците Весна Мундишевска - Велјановска, Катерина Спасовска - Маурдева, Снежана Паскова, Мери Цицковска и Валентина Ристевска.
Учениците од градежно-геодетската струка, заедно со наставниците од градежно-геодетскиот актив Жанета Сиваков, Оливера Георгиевска, Петар Ѓоргиевски и Снежана Балјаревска Стојановска, изработија видео за градежно-геодетската струка.
Беше изготвен и туристички водич за Хераклеја, од учениците од угостителско-туристичката струка, под менторство на Билјана Исијанин во соработка со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и музеј - Битола.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во:
Во Битола денеска има 34 новозаболени од ковид-19 и 59 оздравени. Три лица починале од последици предизвикани од вирусот, а за првпат по подолго време бројот на активни случаи се спушти под 1000 и денеска има 974