![logog.png](/images/2023/01/02/logog.png)
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола преку соопштение ги демантира гласините што се појавија во јавноста последниве денови, дека постои иницијатива за измена на ДУП поради изградба камп на бегалци и ги оценува како шпекулација
Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и Младинскиот културен центар беше потпишан денеска, а МКЦ имаше презентација на иницијативата за формирање на Локален совет за волонтерство. Оваа иницијатива е дел од проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“, финансисран од УСАИД, кој има за цел да се зајакне активнотот младинско учество преку одржлив развој на волонтерството на локлано ниво.
Дел од службениците во Општина Битола во петокот се „обесија“ на прозорците од општинската зграда за да го видат премиерот Зоран Заев.
Одамна премиер не стапнал во Општината, уште од времето на Владо Бучковски во 2006 година кога дојде да го најави процесот на децентрализација.
На локалниот пат Битола – Буково, започна чистењето на каналската мрежа за атмосферско одводнување, кое се врши во вкупна должина од 2400 метри, односно по 1200 метри од секоја страна на патот. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска на терен изврши увид во динамиката и начинот на кој се реализираат активностите за чистење на одводните канали на овој локален пат.
Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често како поплавување на парцелите покрај патот, поткопување на банкините и оштетување на коловозот на локалниот пат за селото Буково.
Вкупната вредност на инвестицијата на Општина Битола за оваа цел изнесува 162 408,00 денари.
Изградба на оградена патека која ќе минува вдолж дворот на Техничкото училиште, е едно од решенијата на проблемот со „корзото“ низ овој простор што го практикуваат пазарџиите на Новиот пазар во Битола. По отворањето на проблемот, за кој пишуваше апла.мк, со секојденевното користење на дворот од страна на граѓани кои поминуваат пеш, со велосипеди или мотори, или пак, го користат како паркинг за автомобилите, денеска на терен излегоа комунални инспектори од Општина Битола.
Тие заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, ја разгледуваа можноста за оградување на патека за непречено движење на граѓаните од пазарот кон околните згради без да влегуваат на спортските терени на Техничкото.