2win800x200

Застапниците на рускиот инвеститор Јуриј Липухин ја тужат Општина Битола, бидејќи со изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ не му обезбедила целосна комунална инфраструктура. За надомест на штета бараат околу 138 милиони денари или 2,3 милиони евра. Она што е симптоматично за новата локална власт е што тужбата се поднесува на 5 октомври, 10 дена пред последните локални избори, кога  беше извесно дека ќе се менува власта во градот , после 12 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Талески.

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет тврдеше дека Општина Битола има помалку долгови од јавно презентираните и дека ако се вкалкулираат и побарувањата, тогаш ќе испадне дека е во позитива. Од советничкото мнозинство предводено од СДСМ рекоа дека опозицијата си игра весела мактематика и дека дури и по пет месеци од заминувањето на Владимир Талески од петни жили го брани неговото работење.

Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ кој е  задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска. На средбата, Петровска детално го запознала министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а  разговарале и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани