2win800x200

8 Март не е за по кафани и подароци! Да го вратиме вистинското значење на празникот, порачаа жените

Март 08, 2022
Фотографиите се направени на јавен настан поврзан со проблематика која ги засега жените Фотографиите се направени на јавен настан поврзан со проблематика која ги засега жените

Елена Димушевскa

prva nova

„Мора да го вратиме вистинското значење на 8 Март. 8 Март не е за подароци и цвеќиња и прослави по ресторани и кафеани. 8 Март ја означува борбата за политички, социјални, економски права на жените. Треба да бидеме благодарни за она што го имаме сега затоа што некој го постигнал тоа во наше име и треба да продолжиме со истото. Да не забораваме дека тоа што е добиено може да биде изгубено. Во неколку наврати во државата имаше иницијативи да се намалат правата, меѓу кои и законот за абортус кој беше изгласан и беше на сила некое време. Да ја продолжиме борбата. Она што треба да го запаметиме е дека тука сме едни за други, женската солидарност е пред се̍.

Даница Петличковска

vtora nova

„8 Март да не го славиме со кафеани, со пеење и играње туку онака како што заслужуваме. Треба сите заедно да се бориме за правата на жената, за еднакви можности и на оние кои настрадале од семејно насилство, да им помогнеме, да им ги кажеме правата каде треба да се обратат, а ние како невладини организации да учествуваме во тоа“.

Светлана Петковска:

светлана1

„Годинава Прочка и 8 Март се многу близу, скоро заедно, ние како жени да ги научиме и мажите да се проштеваат. Да си ги сакаме мажите, тие да не̍ сакаат нас, да ги сакаме нашите деца, дури и туѓите деца зашто тие тоа го заслужуваат“.

Жаклина Наумовска (во средината):

trite5

„Да си посакаме прво и основно во денешно време мир, слога и рамноправност на сите жени. Да им го честитам 8 Март. Ова е ден за борба за правата на жените, да им посакам и здравје, успех и просперитет во нивните кариери, животи и во секојдневието“.

Марица Тодоровска

mariza 3

„Им го честитам празникот, им посакувам среќа здравје и подобро утре. Секој ден во годината нека биде 8 Март, да се борат за своите права, да бидат еднакви со машкиот пол. Жената да биде рамноправна со мажите!“

 

(Фотографиите се направени на јавен настан што деновиве беше организиран во ресторант, а темата беше поврзана со проблематика која ги тангира женските права)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани