По повод 8 Март -Меѓународниот ден на жената, директорот на НУУБ "Св. Климент Охридски" -Битола, м-р Бојан Стефановски, им го честита празникот и им подари цвеќе на дел од поетесите од Битолскиот книжевен круг: Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска -Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска и Мирјана Стојановска и на ликовниот уметник Љубица Мешковска Солак кои беа дел од кампањата „8 ПОЕТЕСИ за 8 МАРТ“.
Воедно Стефановски им ги додели и наградите на добитничките кои испратија најубави пораки за 8 Март.
-Сите останати читателки ги покануваме да ја посетат нашата библиотека и да си подигнат од палетата на осмомартовски поклончиња кои ги изработија учениците од графичката струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола, велат од Битолската библиотека