Признание за "Стрежево" за развој и афирмација на скијањето од битолскиот Сојуз на спортови

Март 09, 2022

На традиционалниот 57 избор, Сојузот на спортови Битола ги прогласи најдобрите спортисти за 2021 година, а  на ЈП „Стрежево“  му беше доделено специјално признание  за особен придонес во развој и афирмација на скијањето.

„Признанието е можност да погледнеме наназад во минатото, да се осврнеме на почетоците и да им оддадеме признание на сите вработени на достигнувања што сме ги оствариле досега и да го поставиме патот за иден раст и развој на Ски - центарот Нижеполе. Денешното признание е поттик за развој и императив за вистинска заложба за продлабочена соработка на релација Стрежево, Влада и локална самоуправа.
Благодариме на признанието на Сојуз на спортови - Битола и честитки од наша страна за најуспешните спортисти на Битола“,  рече директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани