2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Лозановски од СДСМ: Новата локална власт потроши 2 милиони евра само во првите 3 месеци

Април 27, 2022

Веќе 6 месеци Битола има нова локална власт, а битолчани 6 месеци сведочат општ хаос – раскопани улици, стотици дупки, незавршени мостови, опструкции, поскапен, а нефункционален јавен превоз... Во овие 6 месеци, новата локална власт, предводена од ВМРО ДПМНЕ и ПОИНАКУ, нема започнато ни еден од проектите коишто ги вети во програмата за локалните избори. (Не)коалиционите парнери, здружено, успешно си ги презедоа заслугите за многу од старите проекти. Но, за нови - ни трага ни глас, рече на прес конференција  членот на ИО на СДСМ Битола, Андреј Лозановски 

Иако на ветените проекти не се работи, и тоа како се работи на ребалансот на општинскиот буџет. Овој нов буџет, надополнет согласно партиските агенди и личните интереси на владеачкото мнозинство, советниците ќе го разгледуваат во петок. За што ќе се трошат парите на Битолчани? И кој ќе одлучи? Локалната самоуправа или Белата палата?
2 милиони евра, потрошени само во првите три месеци, не донесоа ни една придобивка. Битола се враќа во црната доба на долгови, криминал, недомаќинско работење и евтин популизам. Битола тоне и последниве 6 месеци се доказ за тоа, рече Лозановски од СДСМ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани