2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општинскиот буџетот за Програмата за животна средина намален за милион и пол денари, обвини СДСМ Битола

Април 28, 2022

„Наместо да се цели кон тоа да се подобри животната средина и со тоа да се подигне квалитетот на живот на нашите сограѓани, програмата за животна средина за Општина Битола не само што не се зголемува туку и се намалува! Со ребалансот на буџетот на Општината, под диригенска палка на владеачките ВМРО ДПМНЕ и Поинаку, вкупниот буџет за оваа програма е намален за милион и пол денари, споредено со буџетот во предлог-програмата од декември 2021 година.

Тоа се милион и пол денари помалку за на здравјето на битолчани – здравјето на секој еден од нас кој живее и работи во Битола, здравјето на нашите деца! По сѐ изгледа дека претседателката на советот, која беше најгласна за важноста и заштитата на животната средина, дозволува да се намали оваа и тоа како значајна програма„, изјави Андреј Стојановски од СДСМ Битола.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани