2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Горан Милевски, пратеник и претседател на ЛДП: Поддршка за ревизија на приватизацијата на Копанки

Јуни 24, 2018

ФБ  статус на пратеникот Горан Милевски

„Ја поддржувам градоначалничката Наташа Петровска во нејзините намери да го врати во владение планинарскиот дом "Копанки".

За мене е нејасно како може Општината да финансира градба на објект кој е во приватна сопственост на планинарско друштво кое пак е во сопственост на неколку граѓани.

Ако планинарското друштво имаше искрени намери и желба за обнова на домот "Копанки", ако толку го сакаа Пелистер и рекреацијата, досега сопственоста ќе ја отстапеа на Општината односно на сите граѓани на Битола.


За мене е спорна и приватизацијата бидејќи домот "Копанки" бил даден на заедничко користење на планинарското друштво "Пелистер" и на скијакиот клуб "Пелистер".

Како во меѓувреме е направена катастарска измена од право на користење во право на сопственост во корист на планинарското друштво "Пелистер" и тоа без никаква согласност на ски клубот "Пелистер" е прашање кое треба да го одговорат надлежните органи.

Самата трансформација од право на користење во право на сопственост за мене лично е спорна и ме наведува да помислам или се посомневам дека некој имал намера да се стекне со противправно приграбување на вреден имот во Националниот парк Пелистер.

Затоа во случајов ја поздравувам иницијативата на независните советници од "Поинаку" дека за ова прашање пред да се донесе било каква одлука за доделување на средства треба да се отвори една поширока јавна дебата на која ќе се соочиме сите со нашите аргументи.

Тоа дека друштвото согласно Статут несмеело да оттуѓува имот, се оправдувања за мали деца. Статутите можат во секој момент да се променат или во друштвото да се именува нов одбор во кој по функција ќе членуваат Градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, претставник на планинарите, претставник на ски клубот и еден претставник на ЕЛЕМ на пример.

Ако и мислиме добро на Битола и на Пелистер, ако немаме лукративни намери решение ќе изнајдеме.

За доброто на Битола и на Пелистер!

**************************************************************************************************************************************

Поддршка за ревизија на приватизацијата на значителен и вреден дел на Националниот парк Пелистер во кои е вклучен и домот "Копанки".

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани