2win800x200

ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола со благодарност до сите хумани луѓе за донациите во посебните паралелки

Декември 31, 2018

Општина Битола, хумани луѓе и претпријатија од  градот и оваа година ги израдуваа со подароци и донации  четириесетте ученици во посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Со овие деца работат дванаесет дефектолози кои постојано посетуваат семинари и ги следат светските трендови за рехабилитација на децата со посебни потреби.

-Голема благодарност до градоначалничката Наташа Петровска која децата ги израдува со новогодишни пакетчиња, велат од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.  

Од таму набројуваат дека во овие предновогодишни денови, децата во посебните паралелки беа израдувани со новогодишни пакетчиња и од Здружението на пензионери од Битола, Стопанска банка –Битола, Сокотаб, Лајонс клуб-Битола, како и донации од ФОД-Битола и Синдикатот  на ФОД ДООЕЛ-Битола  предводен од Александар Иванов.

-Исто така им благодариме и на Кромберг и Шуберт-Битола за донацијата на 11 таблети.  Голема благодарност  и до наставниците и учениците од гимназијата „Таки Даскало“, кои со нашите ученици организираа заедничка новогодишна работилница, а  исто така  благодарност и за посетата на младите лајонси, велат директорката Валентина Петреска и тимот дефектолози  од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.

49024332 379011019574556 2697095146691887104 n

49059748 1070411163120095 3901674065508696064 n

49101871 2267281253554411 2863740427532500992 n

49126031 320371681935935 7276438098580340736 n

49133127 2027105724045425 7552525021638295552 n

49155140 538208553363973 7128092999078117376 n

49246632 371980296696696 3068386492381396992 n

49206107 2043419802614841 4715687685132386304 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани