2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ново монтажно училиште во селото Ношпал изгради Општина Могила

Декември 27, 2018

Ново, изградено од темел монтажно училиште добија учениците во селото Ношпал, Општина Могила. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Ношпал  се школуваат околу дваесеттина ученици од прво до петто одделение.

Старото училиште каде досега се изведуваше настава беше сместено во објект од пред еден век во нестандардни услови ,особено по големите поплави во Пелагонија во 2015 година кога школото  се наполни со глодари, на што реагираше тогашната опозиција од СДСМ . Сега градоначалничката на Општина Могила,  Јасмина Гулевска вели дека е особено среќна што успеа во првата година по смената на локална власт  со голем труд, со помош од државата и фирми да се изгради училиштето и да им обезбеди на учениците нормални услови за школување.Денеска на свеченост, со приредба подготвена од учениците, училиштето беше пуштено во употреба, а општината ги израдува најмладите со новогодишни пакетчиња кои им ги подели Дедо Мраз.

-Од највисок приоритет како локална власт ни е образованието. Оваа година вложивме многу во проектни документации  за изградба на ова монтажно училиште . Искажуваме голема благодарност до Министерството за образавание, МЦМС, Екстра Бабале, потоа за донацијата од Сокотаб , Интер воркс, наставничкиот колегиум од училиштето и МЗ од селото Ношпал. Во школото истотака е инстралиран и парен котел, со што школото ќе се грее економично и нема да загадува, вели градоначалничката Гулевска.

За училиштето се обезбедни 904 000 денари од Општина Мигила и дополнителни средства од Министерство  за образование .

-И во следната година ќе продолжат вложувањата во образованието во Општина Могила. Обврска ни е да создадеме еднакви услови за сите. Приоритет ни е образованието. Градиме од темел, вели Гулевска
Според неа со средства од Бугарскиот конзулат во Битола во следната година ќе се инвестира во санација и рехабилитација на две училишта во селата  Радобор и  Долно Чарлија.

Македонка Соклевска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“ изрази голема благодарност до сите поддржувачи на проектот  за изградба на школото.

-После толку време  ни се исполни желбата да учиме и работиме во едни вакви прекрасни услови. Благодарност  до сите, рече Соклевска.

received 2301926393373777

received 2310351699245728

received 767317556958588

received 279756799405466

received 938230756566453

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани