АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Православните христијани денеска ја слават Василица , а бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Стара Нова година и Василица.
Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.
“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност се и белег на нашето постоење.Ова зедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост. Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие. На сите граѓани на општина Новаци и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет ”– истакна градоначалникот Кузманоски.