2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Милевски: Како битолчанец ќе лобирам за дополнителни проекти за Битола

Август 06, 2019

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалниците од Пелагонискиот регион на денешната седница на Советот на Пелагонискиот планкси регион, потпишаа договор за финасирање на проектите наменети за општините во овој регион

67782551 469974473825216 30257645168361472 n

-Разговаравме за активностите на Министертсвото за локaлна самоуправа, она што не очекува во следниот период, финансиската поддршка, не само од министерството туку и искористувањето на ИПА фондовите за прекугранична соработка. Оваа година Министерството оддели 48 милиони денари за финансирање на 15 проекти за Пелагониксиот плански регион. Денеска сме тука да ги потпишеме договоrите за финасирање на ЦРППР. Дел од тие средства се за нивните трошоци, а со дел ја финансираме нивната работа за реализација на проекти, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа кој istakna  дека Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион добро ја извршува својата работа затоа што добро ги искористуваат средсвата од ИПА фондовите, реализира и  други квалитетни проекти финансирани од други донатори и грантисти.

Милевски најави и дополнителна поддршка за Битола

-Јас како министер кој што доаѓа од Битола, заедно со градоначалничката Петровска, но и со другите градоначалници ќе излобираме повеќе средства за регионот, но особен  дополнителни проекти за Битола, додаде Милевски.

DSC05446

Годинава за рамномерен регионален развој се наменети двојно повеќе пари за општините, целта е да се намали диспаритетот  меѓу и во регионите, посчуваат градоначалниците.

-Она што е специфично а не било во изминатиот перио,  е тоа што драстично е зголемена сумата со која централната власт дава поддршка за единиците на локлната самоуправа. Ако во 2017 оваа сума била 3,5 милиони евра, сега се издвоени 7 милиони евра, што е покажува двојно  зголемување на оваа сума. Тоа значи дека одиме кон процесот на децентрализација со соодветна финансиска поддршка и можност за развој на општините, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола и претседател на Советот на Пелагонискиот плански регион

Директорот на ЦРППР, Гого Видимче, рече дека во тек се повеќе проекти финансирани од повќе институции.

-Наша цел е да направиме што повеќе проекти и да го подобриме животот на сите граѓани во овој регион. Министертсвото за локалана самоуправа средства што ги доделеува преку Бирото за регионален развој во последните две години се зголемиени за 20 до 30 проеценти, а имаме најава дека тоа ќе продолжи и во наредната година. Во тек се 8 проекти што ги работиме преку Биротот за регионален развој, 3 пректи од прекугранична соработка од ИПА, потоа проекти за подобрување на локлани патишта преку Министерството за земјодлеството, како и неколку проекти преку Швахјцерската агенција за соработка и развој, рече Видимче

DSC05455

Во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион учествуваат градоначалниците на 9-те општини од регионот, односно Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани