2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Целосно финансирање на инвертер клими за 2500 семејства во Битола

Октомври 12, 2019

Новата мерка на Владата на Република Северна Македонија обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава. Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.

 

„Сите истражувања и меѓународни и домашни, покажаа дека најголемите концентрации на загадувачки супстанци се јавуваат во текот на зимскиот период, за време на грејната сезона. Факт е дека 90% од вкупните емисии на ПМ честичките доаѓаат од греењето“, рече Татјана Крнчева, претседател на Комисијата за животна средина при Советот на Општина Битола.КЛОМИ

Покрај еколошкиот момент, граѓаните со купување на инвертери заштедуваат во сопствениот буџет.

„Компаративната анализа на вкупните трошоци за греење на површина од 60, покажува дека при греење со инвертер домаќинството би го чинело 11.734 денари, со дрва 58% повеќе, со пелети 122% повеќе, со панел радијатори 205%, а со нафта дури 267% повеќе во однос на греењето со клима уредот“, посочи Крнчева.

Оваа мерка пред се е наменета за семејствата чии приходи изнесуваат до 30.000 денари месечно.

„АД ЕСМ, како компанија со висока општенстване одговорност, обезбедува 618.000.000 денари или 10.000.000 евра. Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1000 евра во денарска противвредност, што е сосем доволно за набавка на ефикасен инвертер клима уред. Од 10.000 домаќинства, кои ќе бидат субвенционирани во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во Битола ќе бидат субвенционирани 2500 семејства“, истакна Крнчева.

За текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива, граѓаните ќе бидат детално запознати преку дополнителна кампања. Тенденцијата во наредните три години е целосно да се елимира користењето на печки на тврди и фосилни горива, бидејќи здравјето и здрвата животна средина се приоритет и основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани